Психолошко тестирање

Психолошко тестирање се однесува задавањето  на психолошки тестови. Психолошки тест претставува објективна и стандардизирана мерка на примерок кој претставува одредено однесување.[1] Терминот примерок на однесување се однесува на поединечните перформанси на одредени задачи кои вообичаено се утврдуваат однапред. Примероците на однесување коишто сочинуваат еден тест со молив-хартија, која што е најчеста задавана верзија на психолошки тест, се серија ајтеми. Перформансата на зададениот тест се квантифицира со скор на тест. Скор на добро конструиран тест се верува дека претставува психолошки конструкт каков што е на пример:знаење по некој предмет од училиште, когнитивна способност, специфични способности, емоционално функционирање, личност итн. Разликите во скорот на тестот се верува дека претставуваат поединечни разлики во конструктот што тестот би требало да го мери.Стручниот термин во науката којшто стои позади терминот ,,психолошко тестирање'' се  нарекува психометрија.

Psychological testing
Дијагностика
ICD-10-PCS[1]
ICD-9-CM94.02
MeSHD011581

Психолошки тестови уреди

Психолошкиот тест е инструмент дизајниран за да мери конструкти кои не можат да се набљудуваат, исто така познати и како латентни променливи. Психолошките тестови се најчесто, но не секогаш, серии од задачи или проблеми коишто треба да се решат. Психолошките тестови личат на прашалници,но исто така се дизајнирани да мерат конструкти коишто не можат да се набљудуваат, но сега за разлика од останатите тестови се бара од испитаникот да приложи максимален напор затоа што прашалникот испитува типична перформанса на испитаникот.Корисен психолошки тест мора да е валиден (да има докази кои ќе ја поддржат интерпретацијата на скорот од тестот) и релијабилен ( т.е да содржи внатрешна доследност или да дава доследни резултати и после одредено време или да дава исти резултати кога тестот би го прегледувале различни тестатори).

Важно е лицата кои го поседуваат мерениот конструкт во иста мера да има веројатност да одговорат точно на ист број ајтеми. На пример, ајтем од тест за математички способности може да гласи ,,На фудбалски натпревар двајца играчи добиле црвен картон; колку играчи останале во натпреварот?''. Но,овој ајтем исто така бара знаење за фудбал кое што е услов да се одговори прашањето точно, а не само математичко знаење. Учеството во одредена група исто така може да влијае во шансата точно да се одговараат ајтемите (различно однесување на ајтемите, т.е статистичката одлика на ајтемите која покажува дека можеби ајтемот мери различни способности за членови од посебни супгрупи). Често тестовите се конструирани за специфична популација, и ова треба да биде земено предвид кога се задаваат тестовите. Ако тестот е неосетлив на некоја групна разлика (пол) во една популација (Македонци) не значи автоматски дека е неосетлив во друга популација (јапонци).

Психолошката проценка е слична на психолошкото тестирање, но често вклучува поопфатна проценка на поединецот.Психолошката проценка е процес кој вклучува проверување на интеграцијата на информации од различни извори, како што се тестовите на нормална и абнормална личност, тестови на способности или интелегенција, тестови на интереси или ставови, како и информации од интервјуа.Дополнителни информации исто така се собираат за личната, деловната или медицинска историја на испитаникот, како што се снимки од интервјуа со родителите, роднините, наставниците, или претходни терапевти и лекари. Психолошкиот тест е еден од изворите на информации во процесот на проценка и најчесто се користи повеќе од еден тест.Многу психолози прават проценки до одредено ниво кога вршат услуги на клиенти, и на пример можат да користат едноставни чек-листи за проверка на состојбата за изведување на проценка, да дојдат до посакувана област од функционирањето или нарушувањето во училиште, да помогне да се одбере вид на третман или да се евалуира последицата од третманот, да помогне во одлучувањето на судски постапки како старателство над детето, или да помогне во евалуирањето на способностите на апликанти или вработени и да обезбеди советување за кариера итн.

Наводи уреди

  1.  Urbina, Susana; Anastasi, Anne (1997). Psychological testing (7th ed.). Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall. p. 4. ISBN 9780023030857. OCLC 35450434.
  2.  Mellenbergh, G.J. (2008). Chapter 10: Surveys. In H.J. Adèr & G.J. Mellenbergh (Eds.) (with contributions by D.J. Hand), Advising on Research Methods: A consultant's companion (pp. 183–209). Huizen, The Netherlands: Johannes van Kessel Publishing.
  3. American Educational Research Association, American Psychological Association, & National Council on Measurement in Education. (1999). Standards for educational and psychological testing. Washington, DC: American Educational Research Association.
  4. Mellenbergh, Gideon J. (1989). "Item bias and item response theory"International Journal of Educational Research13 (2): 127–143. doi:10.1016/0883-0355(89)90002-5.
  5.  "Standards for Education and Training in Psychological Assessment" (PDF). Journal of Personality Assessment. Lawrence Erlbaum Associates, Inc. 87 (3): 355–357. 2006.
  1. Urbina, Susana; Anastasi, Anne (1997). Psychological testing (7. изд.). Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall. стр. 4. ISBN 9780023030857. OCLC 35450434.