Диени или алкадиени се незаситени јаглеводороди кои во својата структура содржат две двојни врски. Бидејќи диените имаат една двојна врска повеќе од алкените, бројот на водородни атоми кај нив ќе биде за два помал отколку кај соодветниот алкен. Според тоа, општата формула на хомолошката низа на диените ќе биде CnH2n-2, каде n е 3, 4, 5...

На пример, молекулската формула на алкенот со 7 јаглеродни атоми е C7H14, а молекулската формула на соодветниот диен е C7H12.

Именување уреди

 
1,2-Пропадиен.

Номенклатурата на диените е слична со онаа на алкените, со таа разлика што наместо наставката -ен се додава наставката -адиен. Всушност, кон коренот на името на соодветниот алкан се додава наставка (на пример хекса), со броеви се запишува местоположбата на двојните врски, а потоа се додава наставката -диен.

Поделба уреди

Според заемната местоположба на двојните врски во молекулата, диените се поделени во три групи:

  • Диени со кумулирани двојни врски (кумулени) - диени кај кои двојните врски се на соседни C-атоми, т.е. еден од C-атомите е сврзан со две двојни врски.
  • Диени со конјугирани (спрегнати) двојни врски - диени кај кои меѓу двете двојни врски има единечна врска
  • Диени со изолирани двојни врски - кај кои меѓу двете двојни врски има повеќе единечни врски.

Хемиски реакции уреди

Кај конјугираните диени можни се следните реакции:

Поврзано уреди