Во имунологијата, антиген, односно генератор на антитела, е секоја супстанција која служи како целна одредница за рецепторите на стекнатиот имун систем, T-клеточниот рецептор, B-клеточниот рецептор или неговата секретирана форма, антителата.

Дијаграм на антитело и антигени.

Потекло на антигените уреди

Егзогени антигени уреди

Егзогените антигени навлегуваат во телото од надворешната средина, со инхалација, ингестија или инјектирање.

Ендогени антигени уреди

Ендогените антигени се оние антигени кои се создаваат во клетките како резултат на нормалниот клеточен метаболизам, или поради вирусна или меѓуклеточна бактериска инфекција.