Обединување на Италија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова статија.
 
с /
Ред 1:
[[Податотека:Unification of Italy 1815-1870.jpg|right|thumb|270 px|Процесот на обединување на Италија.]]
По револуцијата од [[1848]] г., [[Италија]] останалостанала политички и економски расцепкана на повеќе самостојни државички. И покрај политичката расцепканост, во Италија се повеќе се развивало [[Капитализам|капиталистичкото]] стопанство со што економски јакнела [[буржоазија]]та која станала носител на националното движење. За обединување на Италија постоеле две гледишта. Едното го застапувала крупната буржоазија на [[Сардинското кралство]] на чело со [[Камило Кавур]], кој настојувал да ја обедини Италија по дипломатски пат, со помош од големите сили. За таа цел ја вовлекол Сардинија во [[Кримската војна]] ([[1853]]-[[1856]] г.). Како награда за тоа од францускиот император [[Наполеон III]] ги добил [[Савоја]] и [[Ница]]. Во [[1859]] г. [[Сардинија]] и [[Франција]] ја нападнале [[Австрија]] која ја држела [[северна Италија]]. Австрија била поразена кај [[Маџенто]] и [[Солферино]]. Ужасите од таа војна и страдањето на ранетите војници биле повод швајцарскиот лекар [[Анри Динан]] во [[Женева]] да предложи создавање на меѓународна организација - [[Црвен крст]], чија цел ќе биде давање помош на сите кои се во невоља. Во [[1863]] г. овој предлог бил прифатен и во чест на Динан, 8 мај, неговиот роденден бил прогласен за меѓународен ден на Црвениот крст. Второто гледиште за обединување на Италија го застапувал ситната буржоазија, интелигенцијата, селаните и работниците, кои сакале обединувањето да дојде по револуционерен пат, а Италија да се оформи како [[демократска република]]. Претставници на ова гледиште биле [[Џузепе Мацини]], идеологот на движењето, и [[Џузепе Гарибалди]], организатор и водач на револуционерни одреди од доброволци. Поразот на австриската војска предизвикал револуционорното движење да се прошири во сите италијански области. Во [[1860]] г. на [[Сицилија]] започнало востание. На востаниците на помош им дошол Гарибалди со своите доброволци. Востаниците ги победиле [[Бурбони]]те и ја ослободиле Сицилија со што го прогласиле обединувањето на Сардинското царство, а во [[1861]] г. било прогласено обединување како италијанско кралство, на чело со кралот [[Виктор Емануел II]]. Надвор од кралството останале [[Ватикан|папската држава]] и [[Венеција|венециската област]]. Борбите за целосно ослободување продолжиле за време на [[австро-пруската војна]] од [[1866]] г. и за време на [[француско-пруската војна]] од [[1870]] г, кога [[Прусија]] ја разбила Франција, главниот заштитник на [[папа]]та. Италија го искористила тоа и ја присоединила папската држава со што завршило и нејзиното обединување. Престолнина станал градот [[Рим]], но наместо демократска република таа станала [[буржоаска монархија]] со агресивна политика.
 
== Користена литература ==