Целијакија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Кај целијакија, глутенот, протеин што се наоѓа во пченицата, ‘ржта, овесот и јачменот, ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до неповолна апсорпција на нутритиентите и со тоа до состојба поврзана со потхранетост. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата се обновуваат, но луѓето со овој проблем целиот живот мора да внимаваат на исхраната со цел да спречат повторно појавување на оштетувањето.
 
'''СИМПТОМИ'''
* Хроничен пролив
* Губење во тежина
* Повраќање
* Болка во стомакот
* Подуеност
* Анемија
 
 
Останати симптоми се:
 
* главоболки и мигрена
* чиреви во устата
* замор/летаргија
* болка во мускулите и зглобовите
* бавно растење кај децата
 
 
Целијакијата обично е проследена и со создавање пликови и јадеж на кожата наречен дерматитис херпетиформис, кој може да се појави и да се повлече и без лекување.
Важно е луѓето што боледуваат од целијакија да не консумираат храна што содржи глутен, дури и ако немаат никакви очигледни симптоми. Некои луѓе имаат силно нагласени симптоми, а многу мало оштетување на клеточните ѕидови, а други воопшто немаат симптоми или се малку манифестирани, но оштетувањата се многу поголеми.
 
 
'''ОТКРИВАЊЕ НА БОЛЕСТА'''
За да се открие болеста, може да се направи испитување на антитела на глутен во крвта. Меѓутоа, за да се потврди истата, пациентот мора да направи биопсија на тенкото црево по консумирање храна што содржи глутен. Пред тестирањето, во исхраната мора да биде вклучена и храна што содржи глутен, затоа што, во спротивно, цревата можат да заздрават и целијакијата нема да биде откриена.
 
 
'''ЛЕКУВАЊЕ НА БОЛЕСТА'''
Во моментов не постои лек за целијакијата, па заболените треба да се придржуваат кон исхрана без глутен. Доколку не се придржуваат, се зголемува ризикот од заболување од остеопороза, неплодност и забавен раст и развој кај децата.