ХЕ „Чебрен“: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Креирана страница со: Преградното место Чебрен се наоѓа на Црна Река, оддалечено 81 км возводно од нејзиното ...
(нема разлика)

Преработка од 11:25, 24 јуни 2009

Преградното место Чебрен се наоѓа на Црна Река, оддалечено 81 км возводно од нејзиното устие во р. Вардар, во близина на с. Манастир, а околу 7 км возводно од Расимбегов Мост, во клисурниот дел на Црна Река.

На овој потег веќе е изградена ХЕ Тиквеш со нормална кота на акумулацијата 265,00 м.н.в., додека за останатиот клисурен дел на Црна Река анализирани се повеќе варијантни решенија за нејзино енергетско искористување, при што во претходната студиска фаза на проектирање, усвоено е да се изградат две прибрански хидроелектрани со значаен акумулационен простор и тоа: ХЕ Галиште со нормална кота на акумулацијата 392,00 м.н.в. и ХЕ Чебрен со кота на акумулацијата 565,00 м.н.в.

Самото преградно место на ХЕ Чебрен претставува најтесен дел на речното корито на Црна Река во близина на с. Манастир со погодни топографски, геолошки и геотехнички карактеристики што овозможуваат изградба на висока брана - 192,50 м и формирање на акумулација со волумен од 915 милиони м3.

Дел од овој волумен до кота 515,00 м.н.в како минимално ниво ќе биде корисна запремина од 555 милиони м3 вода или 60 % од вкупната акумулација, со што е можно да се изврши повеќегодишно регулирање на природните протоци на Црна река.

ХЕ Чебрен е лоцирана блиску до браната на брегот од реката, со разводна постројка блиску до машинската зграда. Во електраната ќе се вградат три реверзибилни агрегати со 110,85 МЊ инсталирана моЌност по агрегат во турбински режим и 115,78 МЊ инсталирана моЌност по агрегат во пумпен режим.

Врската со електроенергетскиот систем ќе биде преку 400 кВ далековод и 400/110 кВ трафостаница “Мариово”.