Мугер Фугер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Mooger fooger преместена како Mooger Fooger: точното име е со голема буква
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Mooger Fooger''' (на кирилица Мугер Фугер)е [[македонски]] [[инди]] [[рок]] [[бенд]] формиран во [[2004]]-тата година, чиј членови се Сеад Хаџиќ - Сецко ([[гитара]]), Антонио Дојчиновски - Дојчин ([[бас гитара]]), Виктор Гајтановски ([[вокал]], [[гитара]]), Огнен Мангаровски - Оки ([[гитара]]) и Андреј Анастасов - Еди ([[тапани]]). Како придружни [[вокали]] се појавуваат и Јована Гајтановска и Сандра Георѓиевска. Името на бендот доаѓа од [[аналогните педали]] [[мугерфугер]]. Заштитен знак на бендот е користење на такви реткости како лампаши и аналогна опрема.
 
== Дискографија ==
 
 
'''Mooger Fooger'''
 
Првиот [[албум]] на истоимениот [[бенд]] излезе во [[2005]]-та година, а беше издаден од страна на Рекорд Records. На овој албум поставата ја сочинуваат и Тони Мичевиќ, Петрит Сарачини, Кире Најдовски и Соња (КЛО). На албумот се наоѓа и песната ''Го мразам капитализмот''.
 
 
'''Mooger Fooger 2'''
 
Вториот албум на бендот излезе во [[2006]]-тата година под PMG Recordings под едноставен наслов Mooger Fooger 2. На албумот има 12 песни во кои доминираат психоделични гитари кои даваат звук сличен на британската гитарска [[shoegaze]] сцена и американската [[no wave]] сцена од [[осумдесетите]] и [[деведесетите]]. Типичен е звукот на аналогна опрема како што се старите гитари Фендер Телекастер Кастм и Фендер Мустанг, лампашки засилувачи како Vox и Orange и други типови на [[гитарски педали]], аналогни [[синтисајзери]] итн. Карактеристичен е сонливиот дисторзиран гитарски звук и вокали кои доминираат во некои песни, додека во другите се слеваат со чудесната позадина.
 
 
'''Luckiest Woman'''
 
Третиот албум е издаден во [[2007]] година.
 
 
----
'''Надворешни врски'''
 
[Myspace профил на бендот [http://www.myspace.com/moogerfoogersk]]