Леќа (оптика): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с Креирана страница со: == Оптичка леќа == Провидното тело, заградено со две мазни сферни површини или една сфер…
(нема разлика)

Преработка од 15:25, 19 мај 2009

Оптичка леќа

Провидното тело, заградено со две мазни сферни површини или една сферна, а друга рамна, се вика оптичка леќа. Леќите кои на средината се подебели, се нарекуваат испупчени или собирни леќи, а леќите кои се подебели на краевите, се нарекуваат вдлабнати или растурни леќи. Леќите најчесто се изработуваат од стакло, иако може да бидат изработени и од друг провиден материјал. Правата која минува низ центарот на леќата е главна оптичка оска, а точката О е оптички центар на леќата.

Прекршувањето на светлината низ собирните и растурните леќи, може да се објасни ако се земе дека леќата е составена од множество елементарни призми. Кај собирните леќи, сите призми се свртени со основата кон главната оптичка оска, а кај растурните леќи, обратно.

Реципрочната вредност на фокусната далечина (1/f) ја определува јачината на оптичката леќа (Ј):   Оптичката јачина на леќата се мери со единицата диоптер (D). Една леќа има јачина еден диоптер, ако нејзиното фокусно растојание е еден метар. Леќата има јачина 2 D, ако фокусно растојание е 0,5 м.

Оптичката јачина на собирните леќи е земена како позитивна, а оптичката јачина на растурните леќи е земена како негативна.