Социјализација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53:
== Примарна и секундарна социјализацијa ==
 
Примарната социјализација е најважна [[фаза]] во процесот на социјализација која се одвива во текот на најраното [[детство]], обично внатре во семејството. Однесувашето на своите родеители[[родители]], реагирањето на нивното одобрување или неодобрување на детето кое го учи јазикот и останатите темелни обрасци на однесување во општеството, се се тоа делови од примарната социјализација. Социјализацијата во семејството се одвива по [[традиција]] од постарите кон помладите генерации, каде младите генерации ги усвојуваат нормите, традицијата и составот на вредностите во својата [[група]].
 
Денес во светот, кој забрзано се менува, каде брзиот развој на технологијата од него направи «глобално [[село]]», присутна е таканаречена обратна социјализација. Овде се работи за [[процес]] кога новата генерација и помага на постарата да биде «во чекор» со светот кој забрзано се менува. Така многу млади ги учат своите [[родители]] како да се приклучат на [[интернет]] и да ги користат придобивките што тој ги нуди, да ги користат различните опции кои им ги нудат мобилните телефони, како на пример пишување SMS пораки и така натаму.
 
[[Ерик Ериксон]], американски [[психолог]], постави единствен и поучен преглед на степенот на социјализација. Не навлегувајќи подетално во содржината на секоја од фазите може да се каже дека во првата година од животот ги совладуваме проблемите на социјализација спрема најблиските луѓе. Проблемот кој се поставува пред личноста е стекнување на доверба спрема другите. Совладувањето на потешкотиите создава своја [[личност]], каде основен оптимистички отворен став е довербата спрема другите. Во раното [[детство]] се совладуваат и проблемите со [[автономија]] и [[срам]], иницијатива и чувство на [[вина]]. Во младоста се соочуваме со проблемот на создавање на [[идентитет]], во раната [[зрелост]] се појавува проблемот на создавање на цврсти емотивни [[врски]], во зрелоста амбицијата за кариера, а при крајот на животот се соочуваме со проблемот за зачувивање на интегритетот и достоинството спрема заканата од непосредна [[смрт]]. Во секоја од тие фази се стекнуваме некои неповратни особини на личноста, карактеристични обележја, но секоја доба носи со себе и некои [[задачи]] и проблеми на прилагодување и социјализација. Кога одредено доба ќе помине не само во состојба да се соочуваме со тие [[проблеми]], но исто така и не можеме интимно да ги сфатиме сериозно проблемите на социјализација кои не очекуваат подоцна. За мало дете ништо не значи прашањето да го одбере животниот партнер, интимните врски или чувството на [[старост]]. За него е важно да воспостави доверба спрема родителите, автономија спрема стравот и така натаму. Поуката на оваа класификација е дека не мора социјализацијата да се исполни во потполност, не можеме да се стекнеме со некои особини кога за нив ќе помине вереме[[време]]. Тие конечно се без некои базични особини кои социјализацијата ги создава ([[надеж]], [[цел]], [[вештина]], [[љубов]], [[внимание]] и така натаму). И општеството не може да очекува дека тие луѓе ќе ги извршуваат општествените функции.
 
== Референци ==