Салваторе Шарино: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
 
== Биографија ==
[[Шарино]] започнува да компонира на 12 години без некое соодветно образование. Иако учел привремено композиција кај [[Антонио Титоне]] и [[Тури Белфиоре]], тој се смета себеси за самоук. По завршувањето на универзитетските студии во Палермо, [[Шарино]] се сели во [[Рим]] во [[1969]] каде го посетува курсот за [[електронска музика]] воден од [[Франко Еванџелисти]] на [[Академијата Санта-Сесилија]] (Осмонд-Смит 2001).
 
Во [[1977]] [[Шарино]] се сели од Рим во [[Милано]] каде и предава на [[Конзерваториумот]] сé до [[1982]]. Од [[1983]] па до денес живее во [[Умбрија]]. Во меѓувреме предава повремено во [[Болоња]] и [[Фиренца]], како и во [[Чита ди Кастело]].
 
== Музички стил ==
Предизвикувајќи големо внимание уште од неговиот период како студент на [[Еванџелисти]], [[Шарино]] почнува да развива свој стил во [[1970-ти]] години од [[20-ти век]]. Станува препознатлив по уникатното изолирано користење на звукот и тишината. Во неговото композиторско созревање, [[Шарино]] сé повеќе се идентификува со идеите на неговиот сонародник [[Луиџи Ноно]], кој се стреми кон потребата за постојано истражување кон новото. Токму последниот творечки период на [[Ноно]] има исклучително влијание врз делата на [[Шарино]]. <blockquote>
Постои само една работа каде немањето сласт за звукот има смисла, а тоа е интензитетот на тишината. Тензијата и мислите на личноста која слуша да бидат чуени од личноста која свири.
</blockquote>
Творештвото на [[Шарино]] се движи од голем број на дела за соло [[инструменти]] до [[оркестарско]]-[[симфониска]] и [[театарска]] музика. Својата популарност како композитор ја стекнува најмногу од неговите соло дела или дела за мали [[ансабли]]. Започнувајќи со ''[[За Аурите во Далечината]]'' (''All’aure in una lontananza'') oд [[1977]], интересот за [[флејтата]] станува еден од неговите главни инструменти за истражување, имајќи го [[Роберто Фабричани]] како флејтист кому посветува голем дел од композициите за флејта. Несомнено, придонесот кон [[пијаното]], [[виолината]], [[чембалото]], [[виолончелото]] е од исклучителна важност.
Во ''[[Третата Соната]]'' за пијано од 1987, [[Шарино]] ја воведува својата «прозорска форма», каде енергијата и густината на структурата е добиена од повеќеслојното упаѓање на паралелни димензии.
Музиката на [[Шарино]] припаѓа на [[авангардата]]. Препознатливото користење на изолирани звуци, проширени инструментални техники, честите тишини е присутно во неговите дела и до денес.
Имајќи интерес во визуелната уметност уште во неговиот детски период од пет до десет години, [[Шарино]] тоа искуство го пренасочува во неговите сценски дела. Оперските дела прикажуваат огромен интерес на [[Шарино]] во античките и модерните [[митови]] во присуство на голема доза на [[надреалност]].
Оперите како ''[[Лоенгрин]]'' (''Lohengrin'') од 1982-84, ''[[Персеј и Андромеда]]'' (''Perseo e Andromeda'') од 1990 се примери на навраќање кон наративниот континуитет кој [[Шарино]] сé почесто го користи, преку употребата на вокални гестови и употреба на електроника во живо со цел да добие вештачка мимика на природата.
 
== Неколку дела ==