Перун: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
Бидејќи бил асоциран со дабот, храмовите и светилиштата на Перун често биле градени под стари дабови. Во овие храмови се принесувале и жртви. Се жртвувале бикови, говеда, овни и други нешта. Според некои извори, на Перун жртвувале и воени затвореници, најверојатно еднаш годишно, за време на неговата слава.
Храмовите на Перун секогаш се граделе на ридови, планини и други високи места. Исто така, храмовите на Велес секогаш биле градени на ниски места. Симболиката на ова е многу јасна - Перун како небесен бог бил обожуван на високо, додека неговиот противник Велес како бог на подземјето бил обожуван на ниски места. Исто така било обичај идолите на овие два бога никогаш да не се ставаат на исто место. Така, кога рускиот владетел [[Владимир I]] изградил монументални статуи на словенските богови во [[Киев]], статуата на Велес била подалеку (и подолу) од другите, помеѓу кои стоела статуата на Перун.
 
== Перун во митовите ==
Во словенската митологија (како и во [[Нордиска митологија|нордиската]]), светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото - земјата, а корењата се подземниот свет. Перун седел на врвот, често претставен како орел. Во корењата живеел [[Велес (бог)|Велес]], кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун и често доаѓал во горниот свет во форма на змија за да краде од него. Кога ќе дознаел, Перун го стрелал Велес со молњи во обид да го убие. Овој бегал на човечкиот свет и се криел зад дрвја, куќи или луѓе. Каде што ќе удрел гром, таму Велес се криел. На крајот Перун го убивал Велес, т.е. го враќал во подземниот свет, и овој таму бил прероден.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Перун