Хераклеја Синтика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''ХераклеаХераклеја Синтика''' е древен македонски град којшто се наоѓа во југозападното подножје на ридот [[Кожув (Кожух)|Кожув]], крај средниот тек на реката [[Струма]] и источно од денешното село [[Рупите]], [[Бугарија]], [[Пиринска Македонија]]. Името го носи според [[Херакле]], митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија [[Аргеади]], додека епитетот Синтика укажува дека тоа е град на [[Синти|Синтите]]. Доаѓа од називот на [[пајонци|пајонското]] племе [[Синти]], во чија земја се наоѓал градот. Основан е во последната четвртина на IV век пр.н.е. Градот го спомнуваат [[Тит Ливиј]], [[Диодор Сикулски|Диодор]], [[Страбон]][http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus%3Atext%3A1999.01.0239;query=chapter%3D%2336;layout=;loc=7.7.1], [[Плиниј Постариот]][http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus:text:1999.02.0137&query=page%3D%23299] и [[Клавдиј Птоломеј]]. Егзистирал сè до VI век н.е. кога е разурнат при наездите на [[Авари]]те и [[Словени]]те. Се среќава и со имињата „Хераклеа„Хераклеја Стримонска“ и „Ераклија Ксантика“ (Eraclia Xantica).
 
==Истражувања==
Прв пат се спомнува во списание „Пирин“ (1930-1931) а го идентификувале со античкиот град Петра. Тоа гледиште е подржано од Димитар Дечев и Атанас Милчев, кој и прв организира истражувања во 1958 година. Борис Геров, Георги Михајлов и Фанула Папазоглу сметале дека тоа е друг антички град - [[Ортополис]] или [[Тристолос]]. Истражуван е делумно и во 1979-1980 година. Спорот за името на градот е решен во 2002 година кога е пронајдена мермерна стела од 308 г.н.е. со натпис на латински јазик, кој докажува дека тука е токму '''ХераклеаХераклеја Синтика'''. Бргу по тоа е пронајден втор натпис кој конечно и го решава прашањето[http://aim.sofianet.net/contentFiles/Arh_2005_14_summary_21.pdf].
 
==Историја==
Прв пат градот се спомнува од [[Тит Ливиј]] како „Heraclea ex Sintis“. Предпоставува се дека е основан во последната четвртина на IV век пр. н.е. од кралот [[Касандар]]. Исто така се предпоставува дека пред тоа бил центар на [[Синти|Синтите]]. По завладувањата на [[Филип II Македонски]], во реонот се изградени повеќе градови. Македонската колонизација е продолжена од [[Александар III Македонски]] и [[Касандар]]. Ова подрачје станува дел од македонската држава а пајонските племиња од македонскиот народ. Популарно е како „Македонската Парорбелија“, слично на денешното „Подгорје“ за северното подножје на планината [[Беласица]]. Подоцна тука ќе биде прва област на Македонија под Рим со центар [[Амфипол]], а од 148 г.пр.н.е. провинција Македонија.
 
Пак [[Тит Ливиј]] раскажува за убиството на Деметриј, син на [[Филип V Македонски]]. Извршено е од македонскиот управител на [[Пајонија]] - Дида, а организирано од [[Персеј]]. Филип го испратил Деметриј заедно со Дида (со заповед да го убие) во [[Астајон]], а Персеј во [[Амфипол]]. Персеј извршил жртвување во градот ХераклеаХераклеја, на кое бил повикан и Деметриј. Отпрвин бил отруен, а потоа и удушен во неговата соба додека се мачел од Тирзис от [[Стибера]] и Александар от [[Бероја]]. Досега се сметаше дека тоа е извршено во [[ХераклеаХераклеја Линкестис]], но податоците на Ливиј укажуваат на „Хераклеа„Хераклеја Стримонска“. Истиот управител на [[Пајонија]] е спомнат и на собранието во [[Китион]], организирано од [[Персеј]] пред почетокот на [[Трета Македонска војна]], каде бил командант на 3000 пеони, „траки“ и агриани од областите Парорија и Парастримонија. Се смета дека тие имиња одговараат на областа Парорбелија, спомната од [[Страбон]] (63 г.пр.н.е. – 19 г.н.е.) и дури со Орбелија по [[Клавдиј Птоломеј]]. На истото собрание учествувал и Асклепиодот од ХераклеаХераклеја од областа Синтика, кој раководел со 2000 „гали“.
 
Во [[468]] година тука бил заточен узурпаторот [[Василиск]], шура на византискиот император [[Лав I]] (Valerius Leo), по катастрофалниот поход против [[Вандали]]те.