Википедија:Вовед: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
'''ПРВЕНЕЦОТ ДЕДО МИЦО КАРАЏА'''
 
''ЖИВОТ- ПОСВЕТЕН НА СВОИТЕ ДЕЦА, СЕМЕЈСТВО, СВОЈОТ НАРОД, МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА И МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ТУРСКОТО РОПСТО И ИЗМАЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСИОТ НАРОД (почеток и средина на деветнаесетиот век)''
 
Според изворни податоци дедо Мицо Караџа, првенец и жесток подржувач на преродбенските македонски дејци, е роден на почетокот на деветнаесетиот век во село [https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B2%D0%BE_(%D0%A1%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE) Робово]<abbr title="Опис"></abbr>, [https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%92%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%B4&action=edit Струмица], каде што живеел како еден од највидните богати чорбаџии, бранејќи ги јазичните, културни и економски права на македонците со спротивставување на агресивниот грчки експанзионизам спроведуван преку патријаршиските цркви и училишта, со негов директен ангажман за обезбедување на учител и отворање на прво училиште во тој регион на народен разбирлив словенски македонски јазик. Преку бисерните извори на информации и податоци „Училиштето во село Робово од преродбата до денес„ 1860-1995, на неуморниот истражувач, фолкорист, есеист и писател, робовчанецот Иван Котев, Графика, Скопје 1995 година и „Спомените„ на Арсени Костенцев, Софија, 1984 година, како и други извори, се отсликува ликот и делото на дедо Мицо, како: „крупна фигура на преродбата и филозоф во мислата а прагматичар во дејствувањето„ И.Котев во спомнатото дело, с. 49; „висок црномурен и добро облечен„ Костенцев во спомнатото дело, с. 51; „најмудар и најхрабар„ проф. д-р Александар Трајановски во „Преродбеникот Арсениј Костенцев„ , Современост, 5-6, Скопје, 1994, с. 142; „истакнат селски првенец„ проф. д-р Манол Пандевски во „Преродбенското движење„ с. 194; исто Манол Пандевски „енергичен, интелигентен и богат„ во „Ѓорѓи Стоев- Трнката„ с. 163; „родољубивиот селски првенец„ проф. д-р Ристо Кантарџиев во „Отворање на народни училишта во струмичко„ , с. 42; „селски првенец чорбаџи Мицо Караџа„ проф. д-р Бранко Панов во „Црковно-просветните борби„ , с. 93; „исклучителен човек„ Иван Котев во Есејот за Арсени Костенцев, Акт 57, списание за книжевност и култура, Скопје, 2015 година. Ако Костенцев, во спомнатите Спомени, наведува дека во Робово, во куќата на богатиот домаќин бил во март 1860 година а дедо Мицо му изгледал дека бил од 50 до 55 години, значи може да претпоставиме дека дедо Мицо е роден почетните години на 19 век или 1805-1810 година, а, во истото дело се наведуваат и неговите синови Доне и Танчо кои се негови придружници и следбеници, потоа, според семејни извори, лозата продолжува, од дедо Танчо, дедо Милко, Миле, Михаил и преку дедо Васил и дедо Панде, големото семејство и семејна врска на Милкови, Милковски – Милковци, во село Робово, Струмица, Скопје, Охрид, Пехчево, Штип, Гостивар, други места, како и надвор од Македонија, во земји на Европа и други земји во светот. Стојан и Крсто Милковски, се активен дел, од спомнатото дело за училиштето во село Робово на почитуваниот Иван Котев. Во остварувањето на својата благородна и храбра мисија и визија за преродбата на македонскиот народ, заедно со учителот Арсени Костенцев, покрај подршката од видното семејство Раненикови од Струмица, Аџи Трендо со робовско потекло, други чорбаџии, бегови и други турски високодостоинственици, како и Мирче Аџијата во Солун, по потекло од Прилеп, Ѓорѓи Гогов од Воден, соработува и добива активна подршка и од познатите слависти и творци, Стеван Верковиќ и Виктор Григорович