Сиетл Суперсоникс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 60:
 
Во [[НБА сезона 1979-1980 | сезоната 1979-80]] тие го освоиле второто место во [[Пацифичка дивизија (НБА)|Пацифичка дивизија]] зад [[Лос Анџелес Лејкерс]] со одличен скор 56-26. Таа сезона, СуперСоникс поставиле рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА со просечна сезонска посетеност од 21.725 навивачи по натпревар.<ref name=richardson>{{Cite news | last = Richardson | first = Kenneth | title = Sonics Going Dome Tonight: Hawks in Rare Kingdome Visit | newspaper = [[The Seattle Post-Intelligencer]] | date = January 27, 1989 | url = http://www.seattlepi.com/archives/1989/8901030278.asp | postscript = <!--None--> }}{{dead link|date=September 2017 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref> Фред Браун имал највисок процент на шут за три поени во НБА, Џек Сикма играл во вториот од неговите седум Ол-стар натпревари со Сиетл, Гус Вилијамс и Денис Џонсон биле избрани во вториот Ол-НБА тим, а Џонсон исто така бил избран и во Ол-НБА првиот одбранбен тим втора година по ред. Суперсоникс стигнале до финалето на Западната конференција трета сезона по ред, но загубиле од Лејкерс во пет натпревари.
 
Тоа било последен пат кога Вилијамс и Џонсон играле заедно на бековските позиции во дресот на Суперсоникс. Џонсон бил разменет во Финикс Санс пред почетокот на [[НБА сезона 1980-1981|сезоната 1980-1981]], додека Вилијамс ја пропуштил целата сезона поради несогласувања околу договорот. Како резултат на тоа, дошло до голем пад во играта на Суперсоникс и тие завршиле на последното место во Пацифичката дивизија со скор 34-48, и тоа е единствениот пат во клупската историја кога тие завршиле на последното место во дивизијата. Вилијамс се вратил во игра за време на [[НБА сезона 1981–1982|сезоната 1981–1982]], а Сиетл успеале драстично да се подобрат забележувајќи респектабилни соодноси 52–30 и 48–34 во текот на следните две години.
 
==Тренери==