Сиетл Суперсоникс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 57:
Легендарниот [[Бил Расел]] бил ангажиран како главен тренер во следната година, а во 1975 година тој ги одвел Супесоникс во [[НБА плејоф 1975 | плејофот]] за прв пат во историјата на франшизата. Тимот, во кој главните улоги ги имале Хејвуд, бековите [[Фред Браун (кошаркар)|Фред Браун]] и [[Слик Вотс]], и руки центарот [[Томи Барлесон]], го совладал [[Детроит Пистонс]] со 2-1 пред да загуби од подоцнежниот шампион [[Голден Стејт Вориорс]] во шест натпревари. Следната сезона, го размениле Хејвуд во [[Њујорк Никс]] со цел да го засилат нападот на екипата. Фред Браун бил петти најдобар стрелец во лигата, додека [[Слик Вотс]] бил лидер во лигата по бројот на [[Асистенција (кошарка)|асистенции]] и [[Украдена топка (кошарка)|украдени топки]]. Суперсоникс повторно избориле пласман во [[НБА плејоф 1976|плејофот]], каде биле елиминирани од [[Финикс Санс]] во 6 натпревари, и покрај одличините игри на Браун (28,5 ппн) и Барлесон (20,8 ппн) за време на серијата.
 
Расел го напуштил клубот после [[НБА сезона 1976-1977|сезоната 1976-1977]], а го заменил [[Боб Хопкинс]]. Екипата играла очајно под водството на Хопкинс, започнувајќи ја сезоната со скор 5–17, по што тој бил отпуштен и заменет од Лени Вилкинс. По враќањето на Вилкинс Лени Вилкенс и среќата на тимот веднаш се свртела во корист на Суперсоникс. Тие добиле 11 од првите 12 натпревари под водството на Вилкенс, и ја завршиле сезоната со 47–35, освојувајќи ја титулата во западната конференција. Во своето прво [[НБА финале 1978|НБА финале]] во историјата на клубот, Суперсоникс воделе против [[Вашингтон Визардс|Вашингтон Булетс]] со 3-2, но на крајот сепак биле поразени во 7 натпревари. За време на офсезоната составот на екипата не бил значајно променет. За време на [[НБА сезона 1978-1979|сезоната 1978-1979]], клубот ја освоил својата прва дивизиска титула и се пласирал во плејофот четврта година по ред. Во [[НБА плејоф 1979|плејофот]], Суперсоникс ги победиле Финикс Санс во тешка серија од седум натпревари во конференциското финале, за да закажат реванш против Булетс во НБА финалето. Овој пат, Суперсоникс биле подобри и ги совладале Булетс во пет натпревари (4-1) со што станале шампиони и му ја донеле на градот Сиетл првата, и единствена, НБА титула. Во шампионскиот тим на Суперсоникс тогаш играле бековите [[Гус Вилијамс]] и [[Денис Џонсон]] ([[Најкорисен играч на НБА финалето|МВП на финалето]]), центарот [[Џек Сикма]], крилата [[Џон Џонсон (кошаркар)|Џон Џонсон]] и [[Лони Шелтон]], како и важните резерви Фред Браун и [[Пол Силас]].
 
Во [[НБА сезона 1979-1980 | сезоната 1979-80]] тие го освоиле второто место во [[Пацифичка дивизија (НБА)|Пацифичка дивизија]] зад [[Лос Анџелес Лејкерс]] со одличен скор 56-26. Таа сезона, СуперСоникс поставиле рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА со просечна сезонска посетеност од 21.725 навивачи по натпревар.<ref name=richardson>{{Cite news | last = Richardson | first = Kenneth | title = Sonics Going Dome Tonight: Hawks in Rare Kingdome Visit | newspaper = [[The Seattle Post-Intelligencer]] | date = January 27, 1989 | url = http://www.seattlepi.com/archives/1989/8901030278.asp | postscript = <!--None--> }}{{dead link|date=September 2017 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref> Фред Браун имал највисок процент на шут за три поени во НБА, Џек Сикма играл во вториот од неговите седум Ол-стар натпревари со Сиетл, Гус Вилијамс и Денис Џонсон биле избрани во вториот Ол-НБА тим, а Џонсон исто така бил избран и во Ол-НБА првиот одбранбен тим втора година по ред. Суперсоникс стигнале до финалето на Западната конференција трета сезона по ред, но загубиле од Лејкерс во пет натпревари.
 
==Тренери==