Спиро Гулапчев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
Роден е во [[Лерин]], [[Егејска Македонија]] (денес [[Грција]]). Се школувал во [[Истанбул|Цариград]], под покровителство на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], во бугарското училиште во Фенер заедно со [[Трајко Китанчев]] и [[Димитар Благоев]]. Потоа образованието го продолжува во [[Едрене|Одрин]] и [[Пловдив]], по што оди да студира во [[Москва]] и [[Киев]]. Восхитен од идеите на руското народничество и од федералистичките стремежи на Малорусите (Украинците), живее во [[Русија]], околу 5 години. Поради пројавените свои симпатии ќе биде екстерниран во родниот град, за по краткото учителствување да се пресели дефинитивно во [[Кнежевство Бугарија|Бугарија]], каде што останува се до смртта.
 
Гулапчев е автор на повеќе трудови во чиј фокус е [[Македонија (регион)|Македонија]] третирана од различни аспекти: нејзиното политичко уредување, прашањето за етногенезата на македонските Словени, нивниот јазик и правопис и тн. Меѓу нив најважно место заземаат книгите: ''„Дедо Стојан“ (Има ли ум, ќе има и напредок)'' издадена во [[Киев]] (1885), ''„Еден поглед по етнографијата на Македонија“'', Габрово (1887) и ''„Македонски маслад“'', [[Русе]] (1893). Го уредувал весникот „Македонија“ (Русе, 1902) од кој излегуваат само четири броја. Во книгата ''„Еден поглед по етнографијата на Македонија“'' под влијание на украинскиот професор и теоретичар [[М. Драгоманов]], ја застапува тезата за федеративно уредување на Балканот - за создавање на т.н. „Неутрална Балканска Федерација“ која би се состоела од 8 политички единици: [[Македонија (регион)|Македонија]], [[Албанија|Епиро-Албанија]], [[Кнежевство Бугарија|Бугарија]], [[Кралство Србија|Србија]], [[Турција|Европска Турција]], [[Кнежевство Црна Гора|Црна Гора]], [[Кралство Романија|Романија]] и [[Кралство Грција|Грција]]. Според него: ''Македонија треба да составува одделна политичка целост'', независно што неговите погледи за етничката припадност на [[Македонци]]те се поклопуваат со бугарските. Длабоко промислена е неговата поставка дека ослободувањето на Македонија лежи во активирањето на сопствените сили. Смета дека најсправедлив критериум за диференцирањето на народностите е јазикот. Во книгата ''„Еден расказ: Дедо Стојан“'' се објавува против етимолошкиот правопис, штитејќи го фонетскиот принцип, но инсистира на зачувувањето на турцизмите и на застапеност на македонизмите во заедничкиот македонско-бугарски литературен јазик кои би биле одбрана од божемната опасност од навлегување на руските јазични елементи.
 
Во своето творештво, Гулапчев се нарекува македонски [[Бугари]]н, а [[Македонија (регион)|Македонија]] - земја претежно населена со Бугари.<ref>Спиро Гулабчев. Един оглед по етнографiята на Македонiя. Габрово, 1887, стр.39</ref>