Битка на Неретва: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Aktron (разговор | придонеси)
основна викификација - линкови.
Simin (разговор | придонеси)
Ред 6:
== Операција на свиокот на Неретва ==
 
Западната група на 718-та дивизија и втараатавтората домобранска горска единица започнале напад на Горњи Вакуф на 21.02.1943 година. До вечерта на 23.02 градчето било под контрола на силите на Оската кои продолжиле да напредуваат према југ-на Прозор. Помеѓу Горњи Вакуф и Прозор патот го затвориле партизаните, поточно 7-та дивизија и третата краишка бригада. Со оглед на тоа дека германско-домобранската групација не успевале да се пробијат, како појачување во [[Горњи Вакуф]] е испратена и главнината на 717-та германска дивизија. После тоа настапува неформално четиридневно примирје, колку што и требало на 717-та дивизија да дојде на борбената положба. Силите на Оската го обновиле напредувањето према Горњи Вакуф на 27.02.1943 година. Германскиот напад на Ливно бил ослабен од 717-та дивизија за 30 % и така целата тежина на задачата паднала на 369-та и 7-та СС дивизија. Италијанските и четничките сили служеле како поддршка и затоа германците не очекувале нивен допринос во поголем обем. Партизаните четиридневното примирје на горњовакуфското боиште го искористиле за нов обид за освојување на Коњиц. Ноќта помеѓу 19-ти и 20-ти февруари Првата пролетерска бригада успеала да го заземе мостот и да префрли две чети на источниот брег на Неретва, но петтата Црногорска бригада закаснила со својот напад на источниот дел, па префрлените чети претрпеле губитоци и биле принудени на повлекување. По овој неуспех првата пролетерска бригада добила наредба да заземе положба на Иван Седло и да се поврзи со третата Санџачка бригада. Тоа било во последен момент бидејќи на 21.02.1943 година Германците од север ја нападнале партизанската одбрана на Иван Седло. После еднодневна борба пртизаните биле принудени да се повлечат така да Германците и усташите го зазеле градот и почнале да напредуваат према Коњиц. Успесите на германската војска ги довела партизаните во незавидна положба. Непријателот напаѓал од север, запад и југ а четниците во секој момент можеле да го затворат преминот преку Неретва од истичната страна. За да ја подобрат ситуацијата партизаните извршиле контранапад на Коњиц, го изолирале непријателскиот гарнизон кој бил таму, го заобиколиле од запад и продолжиле према Иван Седло. Германците го запреле партизанскиот контранапад јужно од Иван Седло и пробале да го обноват своето напредување. Единиците на НОВЈ ги задржале Германците до 27.02.1943 г. кога биле присилени да започнат со повлекување. Силите на Оската на 27 февруари го обновиле нападот на потегот Горњи Вакуф-Прозор. Партизаните биле отфрлени со јак удар, па бил извесен и падот на Прозор, што би значело затворање на отстапницата на Главната болница и смрт за 4000 ранети и тифусари. За да ја тргне таа опасност Тито ги испратил првата и втората (без втората далматинска бригада) пролетерска дивизија во контранапад. Покрај тоа Тито наредил и рушење на сите мостови на Неретва и тоа заради две причини. Првата била спречување на четничкиот удар од источниот брег на Неретва, а втората да се доведат Германците во заблуда за вистинските намери на НОВЈ. На 02 март Германците тргнале во напад на партизанските позиции северно од Горњи Вакуф во Вилича Гумно. Истовремено во барбата се вклучила и четвртата пролетерска бригада која Германците ги принудила да се вратат назад на гребенот Радуша Планина. Сеопштиот контранапад на силите на НОВЈ на Горњо Вакуфското боиште запчнал на 03.03.1943 година. Партизаните се обиделе да ги нападнат крилата на германската војска, но неуспешно бидејќи Германците отстапиле недопуштајќи им на партизаните да ја опколат нивната главница. Борбите се воделе до 05.03.1943 година кога Германците биле одбиени на пола пат помеѓу Бугојно и Горњи Вакуф. Иако оперативниот план за опколување на германско-усташките сили не успеал, непријателот бил одбиен а патот низ Прозор бил безбеден. Освен тоа тој контранапад комбиниран со рушењето на мостовите во потполност ги залажал Германците кои заклучиле дека Тито се обидува да се врати на северозапад како би се поврзал со првиот Басански и првиот Хрватски корпус, кои ја продолжиле борбата во позадината на Германското напредување. Германскиот напад на Ливно започнал на 25.02.1943 година. Одбраната на првиот Босански корпус била брзо прегазена па Германците влегле во Ливно на 05.03.1947 година. Истиот ден Германскиот генерал Лохер заклучил дека тежиштето на битката е во долината на Неретва и дека Тито нема намера да се враќа во Северозападна Босна, односно Хрватска. До тој заклучок дошол после поразот кај Вилич Гумно. За да ја исправат грешката Германците одлучиледа ја испратат 7-та СС дивизија према Мостар, а 369-та дивизија према Прозор. Германците дошле до заклучок дека со уфрлување на тие две дивизии ќе го променат текон на битката во нивна корист. Меѓутоа проблемите почнале со нивните италијански сојузници, кои почнале да протестираат заради движењето на 7-та СС и 369-та дивизија, бидејќи им ускратиле дозвола за влез во подрачјето богато со боксит кое се наоѓало во Италијанската окупациона зона. Поради времето што го потрошиле на договарање со Италијаните Германците закасниле за пресметка со НОВЈ во долината на Неретва.
 
== Пробив во Источна Херцеговина ==