Вилхелм Хауф: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Вилхелм Хауф е роден во Штутгарт, како син на [[Аугуст Фредерик Хауф]], [[секретар]] во министерството за надворешни работи, и [[Хедвиг Елзасер]]. Бил второ од четирите деца.
Младиот Хауф го изгубил својот татко уште на седумгодишна возраст и своето прво рано [[образование]] го стекнал во [[библиотека|библиотеката]] на својот дедо во [[Тубинген]], каде неговата мајка се преселила по смртта на нејзиниот маж. Во 1818 година го испраќаат во манастирско училиште во [[Блаубојрен]], а во [[1820]] година почнува да студира на универзитетот во [[Тубинген]]. За само четири годиини ги завршил студиите по [[филозофија]] и [[теологија]].
== Книжевна дејност (Важни книжевни дела) ==
Откако го напуштил универзитетот, Хауф станал учител на децата на познатиот [[воен министер]], генералот [[Ернест Хугел]] и за нив го напишал делото
„Бајка“, дело кое го објавил во [[1826]] година. Голем дел од приказните и денес се многу популарни во државите од германско говорно подрачје, како на пример [[Der kleine Muck]], [[Kalif Storch]] и [[Die Geschichte von dem Gespensterschiff]].
Подоцна инспириран од [[Волтер Скот]] го напишал историскиот роман за [[Лихтенштајн]], [[Romantische Sage aus der wuerttembergischen Geschichte]] (1826), кој станал многу популарен во [[Германија]], бидејќи во него имало многу интересни детали за оваа земја. Подоцна инспириран од делото на Хауф, еден од наследниците на поранешниот лихтенштајнски крал одлучил да го реновира [[кралски дворец|кралскиот дворец]] според деталите кои биле наведенин во веќе споменатото дело.
Понатаму Вилхелм напишал и некои кратки приказни како што се приказната [[Die Bettlerin vom Pont des Arts]] и неговото ремек дело, [[новела|новелата]] [[Phantasien im Bremer Ratskeller]]. Исто така објавил кратки [[поема|поеми]], кои подоцна преминале во [[народна песна|народни песни]]. Такви биле [[Morgenrot, Morgenrot, leuchtest mir zum frühen Tod?]] и [[teh ich in finstrer Mitternacht]].
== Брак и смрт ==
Во јануари [[1827]] година станува уредник на утринскиот штутгарски [[весник]], а само неколку месеци подоцна се жени со својата братучетка [[Луиса Хауф]]. За жал неговата среќа траела многу кратко, бидејќи на [[18 ноември]] [[1827]] година починал од грозница.
 
 
 
[[Податотека:Wilhelm hauff family grave in stuttgart.jpg|мини|Фамилијарен гроб на Викхелм Хауф]]
 
[[Категорија:Германска книжевност]]