Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Varlaam (разговор | придонеси)
dominion
Varlaam (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
 
Немало нови обиди за основање англиски колонии во Америка се до средината на владеењето на Елизабета I, за време на последните децении од 16-тиот век. Католичка Шпанија, поради протестантското преобратување, и станала непријател на Англија. Во 1562 година, англискиот двор ги задолжил Џон Хокинс и Френсис Дрејк, кои извршувале приватни работи, да започнат со напади за трговија со робови против шпанските и португалските бродови на брегот на Западна Африка со цел да се пробијат на атлансткиот систем за трговија. Ова бил неуспешен обид, и подоцна, со засилувањето на Англо-Саксонската војна, Елизабета им го дала својот благослов на други пиратски пљачкосувања на шпанските пристаништа во Америка кои се враќале преку Атлантикот полни со богатство од Новиот Свет. Истоверемено, влијателните писатели како Ричард Хакли и Џон Ди (кој прв го искористил називот Британска Империја) започнале да притискаат за основањето на Англиска империја. До тогаш Шпанија веќе навлегла во Америка, Португалија основала трговски места, како и тврдини на бреговите на Африка и Бразил па се до [[Кина]], а [[Франција]] започнала да се шири на Реката на Св Лоренс за подоцна ова место да го претвори во Нова Франција.
 
 
==Колонизацијата на Ирска==
Ред 50 ⟶ 49:
 
На крајот од 16-тиот век, Англија и Холандија почнале да стануваат закана за португалскиот трговски монопол со Азија со тоа што почнале да формаираат компании за да ги финансираат патувањата. Англиското, подоцна британскот компанија на Источна Индија и Холандското компанија на Источна Азија се оформиле во 160 година и во 1602година. Главната цел на друштва била да се вклучат во профитабилната трговија со зачини која се фокусирала главо во две области Источниот индиски архипелаг и [[Индија]]. Таму тие се бореле за трговска доминација со [[Португалија]] како и меѓу себе. Иако Англија на крајот ја победила Холандија како колониска моќ, сепак краткотрајниот холандски напреден финансиски систем и трите англо-холандски војни во 17-тиот век придонеле Холандија да има посилна позиција во Азија. Непријателските односи завршиле по Големата револуција во 1688 година кога холандскиот принц [[Вилем Орански]] го наследил англискиот престол со што започнал мир помеѓу Англија и Холандија. Со договорот кого го склучиле двете нации, трговијата со зачини на Источноиндискиот архипелаг и припаднала на Холандија, а текстилната индустрија во Индија и припаднала на Англија, но наскоро текстилот станал попрофитабилен од зачините и до 1720 година, преку продажба, британските компании ги презеле холандските.
 
 
==Препирања со Франција==
Ред 153 ⟶ 151:
 
Британското објавување на војна против Нацистичка Германија во септември во 1939 година исто така ги вклучило и Кралските колонии и Индија но не се здружила веднаш со доминионите. Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Африка исто така набрзо и објавиле војна на Германија но Ирската слободна држава одбрала да остане законски неутрална за време на војната. По германската окупација на Франција во 1940 година, Британија и имперјата останале сами да се борат против Германија се до влезот во Советскиот Сојуз во 1941 година. Британскиот премиер Винстон Черчил успешно се договорил со претседателот Френклин Д. Рузвелт за воена помош од Соединетите Држави, но Рузвелт сеуште не бил подготвен да го замоли Конгресот да ја воведе земјата во војна. Во август 1941 година Черчил и Рузвелт се сретнале и го потпишале Атлантскиот договор кој ја вклучува изјавата дека сите народи имаат право да решаваат за обликот на владеењето во земјата во која живеат. Оваа изјава била двосмислена во поглед на тоа дали се однесува на европските земји во кои Германија извршила окупација или на народите кои биле колонизирани од страна на европските нации, и подоцна Британците, Американците и нациналистичките движења различно ја толкувале.
 
 
Во декември во 1941 година, Јапонија спровела напади врз британската [[Малаја]], поморската база на Соединетите Држави, Перл Харбор и Хонг Конг. Јапонија постепено прераснала во империска сила на Далечниот Исток откако ја поразила Кина во Првата Сино-јапонска војна во 1985 година, со што таа почналла да планира поголема свера на влијание во Источна Азија под нејзино влијание. Јапонските напади врз британските и американските територии на Пацификот оставиле долготрајни последици во Британската Империја. Мислењето на Черчил на влезот на Соединетите Држави во војната било дека сега Британија има сигурна победа и дека иднината на Империјата е безбедна, но начинот на кој британците набрзина се предале во некои од колониите го нарушиле британскиот престиж како империска сила. Најголемиот дел од штетата било предавањето на Сингапур, кој важел за несрушлива тврдина и бил источниот еквивалент на Гибралтар. Британија сфатила дека нема да може да ја брани целата империја и затоа ги подтурнала Австралија и Нов Зеланд, кои биле под закана од страна на јапонските сили, да воспостават поблиски врски со Соединетите Држави, што по војната се претворило во пактот АНЗУС во 1951 година кој бил помеѓу Австралија, Нов Зеланд и Соединетите Американски Држави.
Ред 213 ⟶ 210:
 
Политичките граници кои ги повлекувала Британија, кои не секогаш одразувале хомогени етнички или религиски заедници, придонеле за конфликтите во поранешно колонизираните територии. Британската Империја исто така е одговорна за многу миграции. Милиони луѓе ги напуштиле Британските острови со основањето на заедници во Соеднетите Држави, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои потекнувале главно од Британија и Ирска. Тензиите сотануваат помеѓу белото население на овие земји и домородното малцинско население, како и помеѓу белото население и домородното мнозинско население како што е случај во Јужна Африка и Зимбабве. Британското населување во Ирска оставила траги кои се состојат од поделбата на населението на протестантски и католички заедници во Северна Ирска. Милиони луѓе се преселиле во и од британските колонии, со голем број индијанци кои емигрирале во другите делови од Империјата. Тоа се денешните Маласија, Маврициус, [[фиџи]], Гана, Тринидад, Кенија, Уганда, Танзанија и Јужна Африка. Кинеската емиграција, примарно од Јужна Кина, довела до создавање на кинеско мнозинство во Сингапур и кинески малцинства на Карибите. Демографската слика на Британија се променила по Втората светска војна поради имиграцијата во Британија од нејзините поранешни колонии.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
[[Категорија:Британска империја]]