Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 1:
{{Ве молиме експериментирајте под овој ред, благодариме.}}
<!-- Здраво! Слободно пробајте ги Вашите форматирачки и уредувачки вештини под овој текст. Бидејќи оваа страница е за уредувачки експерименти, нејзината содржина често ќе биде чистена. -->
[Манастир Св.Ѓорги (Ораовица)]
=='''Манастир Св.Ѓорги (Ораовица)'''==
===Географска положба===
Ред 10 ⟶ 11:
Овој манастир по многу претпоставки датира уште од 12-13 век.Во дворот на манастирот „Св Ѓорѓи“ се наоѓаат темели и ѕидови во висина о 0.8 метри.Овие остатоци припраѓаат на една стара манастирска црква,која била еднобродна и по се изгледа припаѓала на XIV век. На јужниот ѕид постојат трагови од фреско живопис.
Во 2011г. стариот манастир е срушен и целосно е реконструиран,со што на 15.10.2011 е извршено поставување на камен-темелник на новата манастирска црква,а на 24.11.2012 манастирот е осветен.Со доградбата на манастирскиот конак,до 2015 година се изградија и осветија манастирската црква, камбанаријата и манастирскиот конак.
===Осветување на манастирот Св.Ѓорги===
На 24. 11. 2012 година, Св. вмч – ци Мино, Виктор и Викентиј, препод. Теодор Студит, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, ја освети новоизградената манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со неговото семејство . По чинот осветување, ктиторот г. Николајчо Николов на свечен начин ја предаде новоизградената манастирска црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој орден му беше предаден од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа. Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на Духовнот Татко на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на ктиторот г. Николајчо Николов и по предлог на ктиторот на личностите кои помогнале во изградбата им додели Благодарници. Ктиторот г. Николајчо Николов во знак на благодарност кон Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион им подари по една панагија со ликот на Пресвета Богородица. По ова во манастирскот комлекс Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, освети и постави камен – темелник за изградба на камбанарија чие што ктиторско дело ќе биде на г. Николајчо Николов со неговото семејство. На свечената манастирска трпеза на љубовта, за сите присутни верници, од Црковното Настојателство од с. Ораовица во знак на благодарност на ктиторот г. Николајчо Николов му беше подарено рачен часовник а на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион мантија. Свеченоста продолжи со културно македонска програма во чест на осветувањето на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.