Јадрен реактор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16:
Во случај на опасност верижната реакција може да биде сопрена. Сопирањето е познато под терминот „''scram''“ за BWR (boiling water reactor) нуклеарните реактори, додека кај PWR (pressurized water reactor) реакторите се користи и терминот „''reactor trip''“. Итното сопирање на верижната реакција во нуклеарниот реактор се случува така што голем број на шипки изработени од кадмиум и бор, [[борска киселина]] и други течни неутрон-апсорбери се внесуваат во јадрото на реакторот со цел да ги апсорбираат сите слободни неутрони. Верижната реакција се сопира доколку настанал или набргу ќе настане дефект во целокупниот систем за правилно работење на реакторот. Најчесто нуклеарните реактори се сопираат поради дефект во спроведувањето на електричната енергија до системот за ладење, или пак при големи [[вибрација|вибрации]], [[земјотрес]] на пример.
Сепак материјата во реакторот останува топла подолго време поради што топлината треба да биде отстранета. Кај постарите нуклеарни реактори ова може да претставува проблем бидејќи единствен начин за отстранување на топлината е со активно ладење. При недоволно ладење материјата во јадрото на реакторот може да почне да се топи, односно доаѓа до процес наречен „''meltdown''“. За последен пат meltdown е регистриран во нуклеарната централа [[Фукушима I]] во 2011 година како последица на [[земјотрес]] и [[цунами]].
 
=== Пренос на топлина и создавање на електрична енергија ===
Кај BWR нуклеарните реактори топлината која настанува при распаѓањето на атомите на ураниум се апсорбира во деминерализирана вода и се насочува надвор од реакторот во вид на водена пареа. Кај PWR нуклеарните реактори топлината ја апсорбира исто така деминерализирана вода, но со таа разлика што водата е под притисок од околу 155 [[бар (единица)|бара]] и има температура од 305 [[Целзиус|целзиусови степени]].
 
Кај PWR нуклеарните реактори водата со апсорбираната топлина се насочува кон примарно коло, од каде топлината пак се префлува на секундарно коло каде што настанува водена пареа.