Флуид: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 54 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q102205 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
Поимот '''флуид''' е заедничкозаедничкото име за [[течност]]ите и [[гас]]овите. Името доаѓа од [[Латински јазик|латинскиот јазик]], од зборот ''flux'', што значи проток, односно нешто што тече или струи. Класификацијата на гасовите и течностите во флуиди е поради тоа што тие имаат многу сличности и разлики, и кога се во рамнотежни состојби, и кога се наоѓаат во движење.
 
Макроскопските својства на течностите се определени од нивната микроструктура и од начинот на движењето на нивните структурни честици, а тоа се [[атом]]ите, [[молекул]]ите или [[јон]]ите. Многу факти покажуваат дека при некои услови својствата на течностите се слични на својствата на гасовите, а при други услови тие се доближуваат до својствата на [[Цврста агрегатна состојба|цврстите тела]]. Тоа значи дека микроструктурата и движењето на структурните честици во течностите значително се менуваат со промена на условите во кои се наоѓаат, а главно со промена на [[температура]]та и на [[притисок]]от.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Флуид