Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
Зависта била причина и за првото братоубиство на земјата - Каин го убил својот брат Авел заради завист. Оттогаш почнала да се лее крв на земјата.
Во завршниот дел, Крчовски ги коментира овие примери и дава заклучоци, велејќи: „...Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло. Завист не е друго што, салт на срце печал, жалба...“
 
== Работен век и дела на Јоаким Крчовски ==
[[Податотека:Јоаким Крчовски - Повест.jpg|мини|десно|Првата страна на „Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова“, Буда, 1814]]]
Крчовски во својот работен век ја ширел верската просвета на народен јазик во кој употребувал [[Црковнословенски јазик|црковнословенски]] елементи. Во неговото творештво се забележува продолжување на средновековната книжевна традиција, иако тој бил и под влијание на европското (пред се француското) просветителство, кои дошле преку влијанијата на [[Достиеј Обрадовиќ]] од [[Србија]]. Неговите дела се отпечатени во печатницата во [[Будим]], а поради опасноста од [[елинизација]] тие биле силно помогнати и поддржани од македонскиот еснаф.
 
Прво дело на Јоаким Крчовски е „''Слово заради свјато исповедание на сички христијани, на мужи и на жени''“ ([[1814]]) кое е мало по обем и содржи две беседи со практична намена - свештениците да ги придобијат верниците за христијанската вера. Второто дело на Крчовски е „''Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова''“ ([[1814]]) кое било напишано на народен јазик (кратовско-кривопаланечки дијалект) и наменето за народот и во кое се зборува за второто Христово пришествие. Третата книга на Крчовски „''Сија книга глаголемаја Митарства''“ ([[1817]]) ги опишува „митниците“ (царинските премини) низ кои поминува душата на праведникот за да дојде во рајот. Четвртото дело се нарекува „''Чудеса пресвјатија Богородици''“. [[Македонска академија на науките и уметностите|МАНУ]] оваа книга ја смета за прв превод на [[македонски јазик]], бидејќи е грчки текст преведен на чист народен македонски јазик, кој и денес се зборува во [[Република Македонија]]. [[Бугарска академија на науките|БАН]], пак, книгата ја смета за превод на [[бугарски јазик]], бидејќи на корицата пишува дека е преведена на ''болгарскиј јазик'' и „''иждивением же православних христиан штипских и прочих градов болгарских''”. Петотото и последно дело на Крчовски е „''Различна поучителна наставленија''“ ([[1819]]), кое е негово најобемно и најоригинално дело во кое се зборува за важноста на образованието и практикувањето на христијанската вера.
 
Крчовски е автор на пет книги кои се пред сè со религиозна содржина:
 
* [[1814]] - „''Слово исказаное заради умирание''"
* [[1814]] - „''Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова''"
* [[1817]] - „''Митарства''"
* [[1817]] - „''Чудеса пресвјатија Богородици''"
* [[1819]] - „''Различна поучителна наставленија''"
 
== Наводи ==