Општина Кривогаштани: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 99:
== Редовни настани ==
 
'''ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА НАРОДНА НОСИЈА'''
 
Во Општина Кривогаштани традиционално секоја година се одржуваат денови на македонска народна носија , на настанот свое учество земаат повеќе уникатни стари креации на народни носии а опфатени се сите региони во државата. Носиите кои се претставуваат на манифестацијата се стара изработка од вредните раце на македонските мајки и баби и претставуваат културна вредност на државата . За таа цел Кривогаштани долги години ја одржува традицијата на собирање на народни носии со сите свои карактеристични за регионот од каде што потекнуваат и нивно презентирање пред посетителите на настанот.
 
'''ТРАДИЦИОНАЛЕН НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ'''
 
Кривогаштани има долгогодишна традиција на организирање на ноќен турнир во мал фудбал во дворот на ОУ Манчу Матак во месец Август секоја година , каде традиционално финалните натпревари се одигруваат на верскиот празник Голема Богородица. На турнирот учество земаат екипи од регионот и пошироко кои примамуваат голем број на гледачи од пелагоноскиот регион и пошироко.
 
== Личности ==