Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
Меѓу иницијаторите, директорите и учителите во гимназијата се издвојуваат низа големи интелектуалци, научници и јавни личности; покрај основачот [[Кузман Шапкарев]], тука своевремено работеле и предавале и [[Васил Канчов]], [[Григор Прличев]] и [[Константин Величков]]. Меѓу учениците и дипломците на оваа гимназија особено се издвојуваат [[Гоце Делчев]], [[Даме Груев]], [[Тодор Александров]], [[Андреј Љапчев]], [[Иван Михајлов]], [[Антон Кецкаров]] и голем број на други видни личности од [[Историја на македонскиот народ|македонската]]([[Бугарија|бугарската историја]]).
 
Учителите во гимназијата биле [[Македонци]]([[Бугари]]), [[Турци]], [[Руси]] и [[Французи]], а меѓу другите предмети се изучувале [[Латински јазик|латински]], [[Старогрчки јазик|старогрчки]], [[Турски јазик|турски]] и [[француски јазик]].
 
== Ученички бунтови ==
Солунската гимназија, и покрај егзархискиот језуитски режим, била расадник на револуционерни идеи. Во гимназијата циркулирала забранета литература, се ковале планови и се дигале ученички бунтови.
 
Во гимназијата често избувнувале конфликти за тоа да се зголеми бројот на професори со потекло од [[Македонија]], а да се намали бројот на оние што се носат од територијата на кнежевството [[Бугарија]]. [[Бугарска Егзархија|Бугарската Егзархија]] која ја спроведувала политиката на [[Стефан Стамболов]] за еволутивно решавање на македонското прашање, била против зголемување на бројот на учители бугари(од [[Македонија]]), заради стравот дека Македонците учители ќе ги револуционеризираат учениците, и со тоа ќе бидат нарушени добрите односи меѓу кнежеството [[Бугарија]] и Османлиска [[Турција]].{{факт}}
 
Веднаш по нејзиното создавање, веќе во учебната 1882/1883 година, дошло до бранување. При училишниот бунт во учебната 1883/1884 година биле исклучени од гимназијата [[Ѓорче Петров]] и [[Пере Тошев]], кои биле меѓу првите ученици на оваа гимназија. Во учебната 1887/1888 година дошло до нов бунт, поради кој биле исклучена поголема група на ученици. Меѓу причините за бунтот било и барањето на учениците: ''дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект''. Меѓу учениците кои заминале во [[Белград]], за да го продолжат образованието, биле: [[Даме Груев]], [[Петар Поп Арсов]], [[Никола Наумов]], [[Христо Поп Коцев]], [[Димитар Мирчев (раководител на ТМОРО)|Димитар Мирчев]] итн.
 
Во своето дело „Во Македонија под ропство“ [[Павел Шатев]] пишува дека во основата на ученичките бунтови бил спорот како да се извршува ослободувањето на [[Македонија]].<ref>Шатев, П., ''В Македония под робство'', София, 1983, трето издание, с. 35</ref> [[Бугарска Егзархија|Екзархиската]] страна верувала дека ова требе да се извршува со легална борба, просвета, цркви и училишта, а другата страна - со револуционен метод на дејствие.<ref>Шатев, П., ''В Македония под робство'', София, 1983, трето издание, с. 36</ref>