Независна Држава Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Целосно избришана страница
Ред 1:
{{Инфокутија Поранешна држава
|conventional_long_name = Независна Држава Македонија
|native_name =
|common_name = Македонија
|continent = Европа
|region = Балкан
|country = Македонија
|era = Втора светска војна
|status = предложена фашистичка марионетска држава
|status_text =
|empire = Нацистичка Германија
|date_start = 8 септември
|year_start = 1944
|date_end = 13 ноември
|year_end = 1944
|p1 = Нацистичка Германија
|flag_p1 = Flag of German Reich (1935–1945).svg
|p2 = Царство Бугарија
|flag_p2 = Flag of Bulgaria.svg
|s1 = СФРЈ
|flag_s1 = Flag of SFR Yugoslavia.svg
|s2 = СР Македонија
|flag_s2 = Flag of the SR Macedonia.svg
|image_flag = Flag of IMRO.svg
|flag = Знаме на ВМРО (Автономистичка)
|image_map = Greater Macedonia.png
|image_map_caption = Местоположба на НД Македонија.
|national_motto = [[Слобода или смрт]]
|national_anthem = Изгреј зора на слободата
|capital = Скопје
|common_languages = [[македонски]]<br/>[[бугарски]]
|religion = православие
|currency = [[Бугарски лев|Лев]]
|title_leader = Претседател на администрација
|leader1 = [[Спиро Китанчев]]
|year_leader1 = 1944
|stat_year1 = |stat_area1 = |stat_pop1 =
|today = {{flag|Македонија}}<br/>{{flag|Бугарија}}<br/>{{flag|Грција}}<br/>{{flag|Србија}}<br/>{{flag|Албанија}}
|footnotes =
}}
 
'''Независна Држава Македонија''' е неостварен политички проект заснован врз идејната замисла на пост-револуционерно [[ВМРО]] за создавање на [[Независна Македонија]]. Обидот за реализација бил извршен од [[Ванчо Михајлов]] кој пред крајот на Втората светска војна, со поддршка од Германците, дошол во Скопје на 5 септември 1944, со задача да формира квислиншка македонска држава, но не нашол поддршка и се откажал.<ref>[http://books.google.com/books?id=R8d2409V9tEC&pg=PA239&dq=puppet++State+in+Macedonia++1944+mihailov&hl=bg Hitler's new disorder: the Second World War in Yugoslavia, Stevan K. Pavlowitch, Columbia University Press, 2008, ISBN 0231700504, pp. 238-240.]</ref>
 
==Историја==
 
Во пролетта 1940 година, Михајлов се преселил во [[Будимпешта]]. Таму тој ја разгледал можноста со германски и со италијански претставници за формирање македонска држава, во времето кога Третиот рајх, како и фашистичка Италија, се занимавале со новата територијална поделба на југоисточна Европа. Влијанието на Михајлов врз преживеаните структури на ВМРО во Бугарија значително се намалило во април 1941 година – по повторната окупација на Вардарска Македонија од бугарските војски и воспоставувањето на бугарска администрација. Поголемиот дел од приврзаниците на Михајлов го одобруваат ''де факто'' присоединувањето и ги прифаќаат функциите во окупираната територија. Михајлов, кој непоколебливо ја следел целта - „[[Независна Македонија]]“, прифатил во мај 1941 година да се пресели во Загреб во германско-италијанската марионетска [[Независна Држава Хрватска]]. До 1944 година, Михајлов е најважниот надворешно-политички и воено-политички советник на хрватската управа на [[усташи]]те, како и десна рака на Павелиќ.
 
Од Загреб Михајлов продолжил да оддржува тесни контакти со Рим и со Берлин. Пролетта 1943 година, тој се договорил со началниците на италијанската армија за формирање на одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција. Во октомври 1943 година, непосредно по повлекуваењто на Италијанците од Балканот, по преговорите со [[Хајнрих Химлер]], Михајлов договарил формирање на силна групација под името [[Охрана]], која би била распоредена во грчки делови на Македонија окупирани од Германците. Меѓутоа, од Бугарија - Цар [[Борис III]], како и власта на военото раководство во државата, гледале со немир врз активностите на Михајлов, бидејќи се плашеле дека неговиот план да формира „Независна Македонија“ може да успее. И за да може да биде контролиран, била поништена неговата смртна пресуда и му се предложило да се врати во Бугарија и да заземе раководно место во Вардарска Македонија, но Михајлов го отфрлил тој предлогот. Поповолна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворершни работи, Јоахим фон Рибентроп да биде претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх. Од друга страна, бугарскиот премиер [[Богдан Филов]] во својот дневник споменува дека на 30 август 1944 година министерот [[Александар Станишев]] бил во врска со македонски дејци кои ја поддржували идејата да се прогласи независна Македонија, како нивната желба било во неа да останат 2 бугарски дивизии, додека се организира локална војска.
 
На 1 септември 1944 година, Хитлер издал наредба за брзо прогласување и формирање на слична таква држава. Така, поради Црвената армија која бргу навлегувала на Балканот, требало да се гарантира повлекувањето на Вермахтот од Грција. Михајлов го задржал правото да даде конечен одговор на германскиот предлог, откако ќе го посетел Скопје. На 3 септември 1944 година тој пристигнал со германски воен авион од Загреб во Софија каде ја разгледал ситуацијата со останатите соработници. Истовремено СССР и објавил војна на Бугарија на 5 септември. Непосредното навлегување на советските трупи во балканската држава, довело до драматично изострување на воената ситуација. На истиот 5 септември Михајлов патува од Софија за Скопје, каде на 6 септември има повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци како и средби со комунистички партизани и со претставници на граѓанското ослободително движење на [[Методија Андонов-Ченто]]. Вечерта тој го соопштил своето негативно решение, кое веднаш било испратено од германскиот генерален конзулат во Скопје до амбасадата во Софија. Аргументирајќи го своето решение, Михајлов се потпрел најмногу на отсуство на приврзаници кои би биле подготвени да застанат зад независноста. На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите полкови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Така започнало повлекувањето на бугарската армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично. Додека Хитлер негодувал поради откажувањето на Михајлов, Вермахтот го презел управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „оголена“ заради повлeкуването на бугарските сили. Михајлов заедно со неколкуте верни другари, биле евакуирани на 7 септември од СС припадниците од Скопје во Хрватска. Откако на 6 септември Михајлов категорично одбил да ја прогласи независноста на Македонија пред пратеникот на Фирерот д-р Гарбо, на 7 септември, врвниот командант на германската група армии "Е" излезнал со нов предлог да се создаде македонска влада. Овој пат предлогот бил доставен до д-р [[Христо Татарчев]], кој во текот на летото на 1944 година заедно со неговата сопруга се наоѓал во родниот Ресен.
Во проектот било наведено дека Татарчев е "''еден од основачите на македонското ослободително движење, на возраст од околу 70 години, ужива се со авторитет меѓу населението, пројавува се како активен публицист со прогермански убедувања''". И овој обид останал неуспешен.
[[File:Post-Stamp-Bg-Mc-1944.jpg|десно|мини|250п|Бугарски поштенски марки користени во Независна Македонија. Тие биле препечатани како македонски на 8 септември 1944 година - денот на прогласувањето на новата држава.]]
Во периодот на безвластие, кој почнал од почетокот на септември и траел до почетокот на ноември, вработените во старата бугарска администрација, продолжиле да ги извршуваат своите обични функции. Полковите на царската бугарска армија, што се повлекувале од територијата на Вардарска Македонија, како и Вермахтот, давале логистичка поддршка на оваа администрација. Според некои извори и покрај сето на 8 септември, десничарските националисти прогласили независност.<ref>James Minahan. Miniature Empires: A Historical Dictionary of the Newly Independent States (Greenwood Press, 1998), ISBN 0313306109, p. 178.</ref> Во хаосот Германците се обиделе да ги користат новоформираните "македонски комитети", како локални полициски служби.<ref>Das makedonische Jahrhundert: von den Anfängen der nationalrevolutionären Bewegung zum Abkommen von Ohrid 1893-2001, Stefan Troebst, Oldenbourg Verlag, 2007, ISBN 3486580507, S. 234.</ref> Нивните водачи биле луѓе како [[Васил Хаџи Кимов]], [[Стефан Стефанов]], [[Спиро Китанчев]], [[Димитар Ѓузелов]] и [[Димитар Чкатров]]. Сите од нив биле претходни активисти на ВМРО, [[ММТРО]] и Бугарските акциски комитети.<ref>Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него, Коста Църнушанов, Университетско издателство "Св. Климент Охридски", София, 1992 г. стр. 260-261.</ref> Неуспехот во реализацијата на оваа идеја бил пресвртна точка која го одбележила поразот на бугарскиот национализам и победата на македонската национална идеја во овој регион.<ref>Macedonia and the Macedonians: A History, Andrew Rossos, Hoover Press, 2008, ISBN 9780817948832, p. 189.</ref> Сепак, до офанзивата на Бугарска армија во октомври - ноември (предводена од новата просоветска влада), југословенските партизани не можале да воспостават директна контрола врз целата територија на областа. Под притисок на македонските политички водачи и нивните југословенски сојузници по ослободувањето на Вардарска Македонија бугарската армија била принудена да се повлече повторно назад во Бугарија.
 
[[АСНОМ]] започнало да функционира во декември, непосредно по германското и бугарското повлекување. Потоа, за да ги уништи останатите бугарофилски расположенија, новите комунистички власти ги пресретнале сите десничарски националисти со обвинувања за "големобугарски шовинизам" и "фашизам".<ref>Palmer, S. and R. King Yugoslav Communism and the Macedonian Question, Archon Books (June 1971), p. 137.</ref> Следната нивна задача била да бидат уапсени левите активисти кои се противели на идејата за нова Југославија.<ref>Goli Otok: The Island of Death: a Diary in Letters, Venko Markovski, Social Science Monographs, Boulder, 1984, ISBN 0880330554, р. 42.</ref> Вака дури и политичари од левицата на ВМРО биле затворени и обвинети дека се бугарофили и предавници.<ref>Contested Ethnic Identity: The Case of Macedonian Immigrants in Toronto, 1900-1996, Chris Kostov , Peter Lang, 2010, ISBN 3034301960, p. 84.</ref> Гледајќи дека немал поддршка, Михајлов се префрлил од Хрватска во Австрија, а потоа во Шпанија и конечно во Италија, каде што останал до својата смрт во 1990 година.
 
Според некои податоци 8 септември бил избран за ден за [[Референдум во Македонија, 1991|референдумот на Независна Македониjа во 1991 година]], кој факт се базирал на историски значаjниот ден - 8 септември 1944 година.<ref>[http://www.utrinski.mk/?ItemID=E8E5C259CD1B2A47A33E6BB5F207708F Утрински весник 05.09.2008 година. Од каталогот на поштенски марки на југословенските држави издаден во 1978 година. Киро Кипроски]</ref>
 
== Наводи==
<references/>
 
== Извори ==
* [http://www.mn.mk/istorija/3703 Македонска нацијa, 02 Март 2011 г. Ванчо Михајлов не ја исполнил задачата на Хитлер, Стефан Требст.]
 
==Поврзано==
* [[Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна]]
* [[Ослободување на Македонија во Втората светска војна]]
* [[ВМРО]]
* [[Бугарска пропаганда во Македонија]]
 
{{Македонија-никулец}}
 
[[Категорија:ВМРО]]
[[Категорија:Историја на Македонија (1912-1944)]]
[[Категорија:Предложени држави]]