Мајордом: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 212.110.74.247 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
Ред 1:
'''Мајордом на палатата''' било рана средновековна [[титула]] и [[служба]], според латинскиот назив ''maior domus'' ("главен во куќата"), најмногу користена во кралствата на [[Франки]]те во 7 и 8 век.
 
 
Во текот на 7 век, службата Мајордом на Палатата се развила во вистинска ’’моќ зад престолот’’ во [[Австразија]], североисточниот дел на Кралството на [[Франки]]те во тек на [[Меровинзи| меровиншката]] династија. Мајордомот ја имал вистинската и ефективна моќ на донесување одлуки кои се однесувале на Кралството, додека во средината на доцниот период на Меровинзите, кралевите почнале да имаат само церемонијална улога станувајќи обични марионети во рацете на мајордомот. Нивната улога била слична на онаа на [[пешва]]та, [[шогун]]от, и [[премиер]]от во рамки на [[Уставна монархија| уставната монархија]], кои на сличен начин ја имале моќта додека владеел церемонијален крал.