Македонска фаланга: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 15 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q1340305 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Филип II поминал голем дел од младоста како заложник во [[Теба]], каде учел кај познатиот генерал Епаминонд чии реформи биле основа за филиповите реформи на фалангата. Членовите на фалангата биле професионални војници и биле едни од првите трупи во историјата кои биле орагинизарно вежбани, давајќи им ја споспбноста да изведуваат комлицирани маневри многу подобри од оние на непријателите. Тие се бореле во густи квадратни формации со просечна длабочина од осум војника. Водачот стоел на чело на секој ред, а помошникот-водач во средината на редот, така што задните редови можеле да се разместуваат по страните во случај да треба повеќе фронтални војници.
 
Во средината на четвртиот век пред н.е,Македонија станала најмоќна држава на балканскиот полуостров.За тоа бил заслуженкралот Филиип || (359-336 г.п.н.е)тој бил способен владетел.По неговата смрт престолот го наследил неговиот син Александар ||| Македонски.Тој имал само 20 години.Кога Балканот слушнале дека на престолот дека има нов млад владетел решиле да ја отфрлат македонската власт,но Александар ||| Македонски успеал да ги победи и ги принудил да ја признаат неговата власт.Александар ја поминзл реката дунав(во Србија).Откако ја средила состојбата на Балканот,почнал да се подготвува да ја оствари на неговиот татко:да тргне кон исток,против персија.
Војниците во фалангата носеле по една [[сариса]], копје со два врва кое било долго преку 6 метри. Сарисата се носела во два дела кои се спојувале пред битка, и морале да бидат ракувани со две раце. Одблизу ваквите големи оружја биле бескорисни, но од раздалеченост војникот можел лесно да ги чува непријателите таму кај што се без да можат да се доближат; оружјата на војниците од првите пет редови прилично се истакнувале од самата формација, така што во секое време имало повеќе копја одколку цели за напад. Второто нивно оружје бил [[краток меч]].
 
Нити Филип нити Александар не ја користеле фалангата каок главно оружје за напад, туку како алатка за држење на непријателите во едно место додека тешката коњица им ги разбивала редовите. Македонската коњица се борела во клинеста формација и била сместена најдесно; по пробивањето низ непријателските редови, коњаниците ги придружувале штитоносците, елитни пешадијци кои служеле како телохранители на кралот, а по нив доаѓала фалангата. На левото крило секогаш се наоѓала сојузничка коњаница од Тесалија, која се борела во ромбоидна формација и служеле главно за одбрана.
 
Другите единици — престрелниците, разните гаѓачи, резервите од сојузнички хоплити, стрелците, и артилеријата — исто така биле употребувани во битка. Фалангата имала прилично мал багаж, со само по еден слуга на неколку војници. Ова ѝ дало на фалангата голема брзина на марширање која никој не можел да ја надмине — во некои случаи противниците му се предавале на Александар заради неспремност, бидеќи не можеле да предвидат дека неговата војска ќе пристигне толку рано. Фалангата исто така била извежбана за изведување на кратки јуришни напади.
 
Војските во раниот хеленски период биле опремени и се бореле на сличен начин по урнек на македонската војска. Меѓутоа при крајот на периодот, офицерите почнале да претпочитат напади само со фаланга и го исфрлиле комбинираното војување од употреба. Во тој случај фалангите морале да јуришшат кон непријателот како хоплитите пред нив. Ова ја направило формацијата прилично ранлива — иако била речиси непобедлива при напад врз неа, фалангите, како и другата пешадија се прилично подложни на заобиколување или да се рашират при брз марш по нерамен терен. Сѐ додека сите се користеле со иве тактики, пропустите не биле очигледни. Но со доаѓањето на римските легии истите биле поразени во секоја покрупна битка, од кои најпознатата е [[Битката кај Пидна]], во која Римјаните можеле слободно да навлегуваат во процепите низ редовите и да ја заобиколат непријателската војска на многу места.
 
[[Категорија:Војска на Античка Македонија|Фаланга]]