Индустриска револуција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
Со буржоаските револуции во XIX век, буржоазијата дошла на власт во повеќе европски земји, и нејзината главна цел била да го усоврши производството за поголемо и побрзо збогатување и зацврстување на капиталистичкиот систем. За таа цел требало да се ангажира голем број работници, средства за производство, да се изнајдат начини за поефикасно искористување на природните богатства и да се стимулираат научни истражувачки иницијативи. Сето тоа придонело да се дојде до мошне значајни научни откритија во областа на природните науки, кои овозможиле човекот да стекне огромно знаење за природата во која живеел и за нејзино поефикасно искористување. Големи научни достигнувања биле направени во областа на [[Математика|математиката]] и [[Физика|физиката]] ([[Лангарж]], [[Коши]], [[Поасон]], [[Гаус]], [[Николај Иванович Лобачевски|Лобачевски]], [[Карноа]], [[Клајперон]], [[Кант]], [[Пјер Симон Лаплас|Лаплас]] и др.), во областа на [[Хемија|хемијата]] и [[Биологија|биологијата]] ([[Лавоазје]], [[Берто Монжу]], [[Пјер Кири|Пјер]] и [[Марија Кири]], [[Дмитриј Иванович Менделеев|Менделеев]], [[Ламарк]], [[Кивие]], [[Чарлс Дарвин|Дарвин]], [[Луј Пастер]], [[Рентген]] и др.). На полето на [[Електротехника|електротехниката]] биле пронајдени голем број изуми. Прв човек на [[Електрицитет|електрицитетот]] бил научникот [[Мајкл Фарадеј]] ([[1791]]-[[1867|1867 г.]]), кој во [[1833|1833 г.]] го докажал законот за [[електролиза]]. Електротехниката се развивала со голем интензитет во втората половина на XIX век. Во [[1866|1866 г.]] [[Вернер фон Сименс|Сименс]] го објаснил претворањето на [[механичка енергија]] во [[Електрична енергија|електрична]]. Во [[1879|1879 г.]] [[Томас Алва Едисон]] ја конструирал првата електрична сијалица, а [[Никола Тесла]] ја открил [[повеќефазната струја]] со висок напон и можноста за нејзино пренесување на големо растојание. Со овие откритија започнала [[Втората индустриска револуција]] во светот. Во [[1876|1876 г.]] американскиот физичар [[Грахам Бел]] го конструирал првиот телефон. Во [[1885|1885 г.]] во [[Германија]] бил конструиран првиот мотор на [[бензин]] од [[дизел]], а на почетокот на [[XX век]] [[Хенри Форд]] започнал со сериско производство на автомобили. Кон крајот на XIX век браќата [[Лимиер]] го пронашле [[Кинематограф|кинематографот]], а италијанскиот пронаоѓач [[Гиљермо Маркони|Маркони]] ја испратил првата радио порака.
 
== Си била јована и волкот и јована го изела волкот ==
== Користена литература ==
* "Историјa" од професорПупунци.. Бобан Бојчевски
 
[[Категорија:Историја на технологијата]]