Пер Лагерквист: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1:
[[Податотека:Lagerkvist.jpg|мини|десно|Пер Фабијан Лагерквист]]
{{Во изработка}}
===Биографија===
'''Пер Фабијан Лагерквист''' (23 мај 1891 - 11 јули 1974) бил истакнат шведски писател. Роден е во
===Образование===
'''Лагерквист''' студирал историја на уметност на Универзитетот во [[Упсала]] (1911-1912) и истовремено се свртувал кон пишувањето. По дипломирањето, во предвечерието на [[Првата светска војна]], заминал од [[Шведска]] и повеќе години живеел во [[Данска]], [[Франција]] и [[Италија]].
===Дела и творештво===
Своето прво дело го објавил во 1912 година, под наслов ''Човечки суштества'', а неговата следна објава била ''Уметноста на зборот и ликовната уметност'' го етаблирал на книжевна сцена во Шведска како млад писател, со еволуциски идеи. Неговите следни дела: ''Болка'' (1916 песни), ''Хаос'' (1919,песни и раскази и драмата ''Тајната на небото'') и ''Театар ''(1918,три драми) се силни експертистионистички слики за космичката осаменост на човекот и неговиот страв од животот и смртта на еден [[индеферентен]] свет. Потоа следувале драмите ''Невидливиот човек'' (1923) и кошмарните раскази ''Свирепи приказни''
Новата етапа во развојот на Лагерквист ја започнала со ''Триумф над животот'' (1927), каде во визионерски пасуси ја прогласува својата [[филозофија]]. Како и [[Албер Ками]] после него, Лагерквист заговара "[[побуна]]" против очајот. Следните негови дела ја третирале тоталитарната закана на [[Европа]]. Најважните негови дела во тие години биле ''Џелат'' (1933), хумористичкиот манифест ''Стегнатата тупаница'' (1934), како и драмата за политичкото убиство, ''Човек без душа'' (1936).
===По Втората светска војна===
По [[Втората светска војна]] '''Лагерквист''' почесто се свртувал кон формата на романот. ''Романот Џуџе'' (1944) е лоциран во време на италјанска ренесанса, но сепак се однесува и на Втората светска војна и на човекот воопшто, во сите места и времиња. Со ''[[Варава]]'' (1950), можеби неговото на најпознато дело, започнала низата романи кои се занимаваат со средба на човекот со божественото и неговата потрага по разбирање и спасение. Оваа тема ја продолжува во ''Сибила'' (1956), ''Смртаа на Абазир'' (1960), ''Аџија на море'' (1962) и во ''Светата земја'' (1964). Неговиот последен роман, Миријам (1967) користи симболистички консталации кои се појавуваат честопати неговите книги.<ref> Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010</ref>
===Нобелова награда===
Во 1951 година Шведската академија му ја додели на '''Лагерквист''' [[Нобеловата награда]] за книжевност за "неговата уметничка моќ и длабоко вкоренета независност што ги демонстрира во своето пишување, во барањето одговори на вечните прашања на човештвото".Неговите креативни достигнувања му донесоа углед на "гигант на модерниот [[класицизам]]"<ref> Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010</ref>
===Наводи===
{{наводи}}
[[Категорија:Добитници на Нобелова награда за литература]]
|