Девизен пазар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
/* Девизниот пазар во Република МакедонијаГоран Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје 2011 год., ст...
Ред 31:
 
==Девизниот пазар во [[Република Македонија]]<ref>Горан Петревски, „Банкарски менаџмент“ (второ издание), Економски факултет – Скопје 2011 год., стр.367</ref>==
Девизниот пазар во Македонија бешебил воспоставен во мај 1993 год., и тоа како институционализиран пазар во рамките на [[Народна банка на Република Македонија|НБМ]]. Во овој период, трговијата со девизи се вршешевршела на девизните пазари во овластените банки, а претпријатијата можеаможеле меѓу себе да си купуваат и да си продаваат девизи, без посредство на банките. Во овој период, девизниот пазар бешебел расцепкан и премногу регулиран, со нагласена улога на Централната банка.
 
Во октомври 2002 год. започна нова етапа во функционирањето на македонскиот девизен пазар. Притоа, новиот, реформиран девизен пазар ги поседува следниве карактеристики: девизниот пазар не е повеќе од [[берза]]нски тип, туку претставува шалтерски пазар; како учесници во трговијата со девизи се јавуваат претпријатијата, банките и НБМ; претпријатијата немаат обврска да ги продадат девизите во одреден рок, туку со нив можат да располагаат неограничено на своите девизни сметки; претпријатијата не можат директно да тргуваат со девизи, туку само преку овластени банки; банките објавуваат продажни и куповни курсеви, коишто може да се менуваат во текот на денот и; Централната банка интервенира на девизниот пазар преку банките-поддржувачи.
Ред 37:
Инаку, како посебен дел на девизниот пазар се јавува меѓубанкарскиот пазар на кој банките тргуваат меѓу себе и со банките-поддржувачи (анг: [[market maker]]s). Со цел да го одржи курсот на денарот на одредено ниво на овој пазар често интервенира Централната банка, којашто купува или продава девизи преку четирите банки поддржувачи (денес тоа се: [[Комерцијална банка АД Скопје]]; [[Стопанска банка АД Скопје]], [[НЛБ Тутунска банка АД Скопје]] и [[Шпаркасе банка АД Скопје]]: [http://www.nbrm.mk/?pmenu=kotacii]). Инаку, на девизниот пазар, преносот на девизите и на денарите се врши по електронски пат, при што, за таа цел, во 2005 година Централната банка им обезбеди на банките електронска платформа за тргување. Девизниот пазар работи секој работен ден од 09:00 до 15:30 часот, а минималниот износ на девизи со кој може да се тргува изнесува 30.000 [[евро|евра]] на обичниот пазар, односно 350.000 евра за поддржувачите на пазарот. За извршување на услуги за физичките лица работното време се разликува од банка до банка (на пр: во Комерцијална банка тоа е од 09:00 до 14:30 часот: [http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1110&lang=1&uc=1&par=3410] , додека во Стопанска банка АД Скопје тоа е од 08:30 до 16:00 часот: [http://www.stb.com.mk/devizen-pazar.nspx] ). На девизниот пазар може да се склучат трансакции со сегашна испорака, со рок на извршување од 48 часа, како и трансакции со идна испорака, а може да се тргува и со [[фјучерси|валутни фјучерси]] и [[опција|опции]] (кои сеуште не постојат). Во 2010 година прометот на девизниот пазар изнесуваше 6,15 милијарди евра (или 25 милиони евра дневно), а најголем дел од тргувањата со девизи (84%) се врши меѓу банките и претпријатијата.
[[Категорија:Финансии]] [[Категорија:Банкарство]]
 
== Наводи ==
{{наводи}}