Азот (област): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
Кон крајот на ХІХ и почетокот на ХХ век во Азот се активизирала српската пропаганда. Некои од селата во областа насилно или доброволно деклалирале припадност кон српскиот народ и учествале во српските чети. Покрај силната српска пропаганда во повеќето села, треба да се се спомене дека на територијата на Азот во некои села имало и засилена бугарска пропаганда како на пример во селото [[Бистрица]] кое иако било подложено на силни притисоци од страна на српската пропаганда не се откажало од Бугарската егзархија и го зачувало своето училиште. До 1908 година во борба со [[ВМОРО]] српските чети го завладеале поголемиот дел од Азот. После Хуриетот некои од селата се вратиле кон Егзархијата - [[Нежилово]], [[Ореше]], [[Поменово]] и поголемиот дел од [[Ораов Дол]].
 
Како и секоја македонска област така и Азот дала голем број борци за слободата на [[Македонија]] и [[Македонци|Македонците]]. Во овој крај особено се познати големите борби против бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна во 1944 година. Со дел од борбените дејства и ослободителни операции командувал и лично [[Михајло Апостолски]]. Токму поради големата победа и целосно разбивање на бугарската окупаторска војска во Азот, во велешкото село [[Горно Врановци]] излегува првиот број на весникот [[Нова Македонија]], а од тука се договорени и започнати акциите за ослободување на [[Скопје]] и скопско.
 
== Надворешни врски ==