Западни Словени: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
Културно, Западните Словени се развиле задно со останатите народи на [[Западна Европа]], најмногу поради влијанието на [[Римската Империја]] и Западното Христијанство.<ref name="HRE Brit">[http://www.britannica.com/ebc/article-9378866?query=slavs&ct= Slav - Britannica Concise Encyclopedia]</ref> Така, тие доживеале културна поделба од останатите Словени, односно: Источните и и дел од Јужните Словени станале следбеници на [[Православие]]то, Западните Словени станале следбеници на [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] или [[Протествантство]]то.
==Самовиот племенски сојуз==
Прва политичка заедница на Запасните Словени претставува Самовиот племиенски сојус што постоел во првата половина на VII век (623-658). Неговото создавање било обусловено од потребата за одбрана од [[Аварите]], а подоцна и од Баварците, односно Франките, како и од појавата на имотна диференцијација што настанала кај Запаните Словени. Центарот на неговото настанување бил територијата на Чешка, кон кој се присоединиле и словенските племиња во Моравија и Словачка. Подоцна кон овој сојуз се присоединиле и словенските племиња во Источните Алпи и Панонија. По смртта на кнезот Само, сојузот се распаднал. Името, со ширењето на христијанството и германизацијата во споменативе словенски земји, тие ја изгубиле својата независност и станале вазали најпрво на франечките, а подоцна на германските владетели.
 
==Велика Моравија==
Во процесот на борбата против германската колонизација и воопшто против германските освојувачки воени походи, во почетокот на IX век се создал нов племенски сојуз кој прераснал во Великоморавско кнежевство. Тоа е создадено под водството на Моравските Словени, а кон кои се присоединиле и Словените во [[Чешка]]. Извесна самостојност создале и Полапските и Прибалтичките Словени. Најзначаен владетел на Великоморавското кнежевство би кнезот Ростислав. Тој, со цел да го зајакне осамостојувањето на кнежевството, побарал од Византија проповедниците да ја шират богослужбата на словенски јазик. Византискиот император Михајло III за таа цел ги испратил во Велика Моравија, Кирил и Методиј . Како резултат на ширењето на христијанството на словенски јазик, тие во Моравија успеале да формираат посебна словенска црква. Германските феудалци како и крупното германско свештенство биле против ширењето на христијанството на словенски јазик, а со тоа и противници на самостојноста на Велика Моравија. Тие презеле нови завојувачки воени походи поради кои во почетокот на X век ова кнежевство се распаднало.
 
==Чешка Држава==
Ред 25:
==Полска Држава==
Речиси во исто време настанала и првата држава на Словените во Полска. Имено, во средината на X век кнезот [[Мешко]] ги обединил словенските племиња кои живееле по текот на реката Висла во Полска. Во текот на наредните воени походи под негова власт паднале и другите послки племиња, иако и самиот тој ја признал врховната власт на германскиот цар. Неговиот наследник Болеслав и Храбар успеал Полска да ја ослободи од зависноста на германските цареви. Во 1000-та година. Во Полска била создадена самостојна Полска архиепископија која директно била поврзана со папата. За да ја зацврсти власта, на црквата и на благородниците им дарувал имоти и привилегии. Пред крајот на животот [[Болеслав]] се прогласил за крал. По неговата смрт Полска почнала да слабее по што наскоро паднала под германска власт.
==Наводи==
{{reflist}} [[Alexander F. Tsvirkun]] The history of western and southern Slavs. Kharkov., 2008