Депозит: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
За потребите на пресметката на обештетувањето, се собираат сите депозити што едно лице ги има во банката. Притоа, сите депозити во износ до 30 000 евра (во денарска противвредност) се обештетуваат целосно, т.е. 100%. Тоа значи дека за износите над 30 000 евра, депозитите се вклучуваат во стечајната маса, т.е. не е извесно дали и колкав дел од парите штедачот ќе успее да наплати. Според тоа, износот на обештетување што им се нуди на македонските штедачи е прилично висок, имајќи го предвид ниското ниво на доход во споредба со развиените земји. Претходно, до крајот на 2010 година, висината на обештетувањето беше утврдена на 100% од вкупните депозити во една банка до износот од 10 000 евра, а за износот од 10 000 до 20 000 евра, штедачот добиваше 90% од депозитите. Инаку, во почетниот период по основањето на Фондот за осигурување на депозити, отштетата беше утврдена на 100% за износот до 1 500 евра и 90% за износот од 1 500 до 7 500 евра.
Целта на системот на осигурување на депозитите е да ги заштити малите штедачи, но тој води кон друг проблем, познат како морален хазард. Имено, бидејќи штедачите имаат гаранција за вложените пари во случај на пропаст на банката, тие не се мотивирани да вршат надзор врз работењето на банката. Истовремено, знаејќи дека финансискиот трошок при пропаст на банката ќе падне на грбот на државата, таа може да одлучи да се ангажира во поризични активности во споредба со оние што би ги прифатила во присуство на строг надзор од страна на штедачите. Оттука, некои економисти сметаат дека системот на осигурување на депозитите треба да се отстрани и да се препушти доверителите на банката да ги контролираат нејзините активности.
==Наводи==
<references/>
 
[[Категорија:Економија]]
[[Категорија:Финансии]]
[[Категорија:Банкарство]]
 
{{наводи}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит