Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
 
 
==== АГНОЗИИ ====
Се растројства на перцепциите каде што постои невозможност од препознавање на примените осетни дразби, при што се зачувани периферните, сензорни и аферентните и еферентните нервни патишта. Постојат визуелни (оптички), слушни (акустички) и допирни (тактилни) агнозии, кои се јавуваат при органски оштетувања на мозокот.Оштетувањето на одредени области на мозочната кора можат да доведат до проблеми во перцепцијата,посебно на визуелната перцепција ако оштетувањето е во тиланта (окципитанлна) регија.Луѓето со вакви оштетувања имаат т.н. визуална (видна) агнозија:тие гледаат (нивното сетило за вид т.е патот за гледање е нарушен),но не разбираат ниту што гледаат.Тие не се во можност да ги препознаат секојдневните предмети само со гледање туку за да погодат кои се тие предмети мораат да ги допрат.Оштетување на делови од париетланиот кортекс,посевно на задните подрачја,доведува до пореметување на просторната перцепција.Такво оштетување е еднострано визуоспацијано (видно и просторно) занемарување -пациентот занемарува половина од светот кој го опкружува.Имајќи предвид дека оштетувањето најчесто се лоцира во десниот заден париетален кортекс,пациентот ја занемарува реалноста од неговата лева страна.Така пациентие се судруваат со предмети кои се наоѓаат на нивната лева страна,ја шминкаат само десната страна на лицето,ја цртаат десната страна на цртежот и ја јадат храната на десната страна што се наоѓа во чинијата.