Битка кај Мидвеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Пролетта 1942 Американците започнале да ги бомбардираат индустриските цели на островот [[Хоншу]], [[Токио]] и [[Јокохама]] (т.н [[операција Дулитл]]) со авиони од носачот „[[Хорнет (ЦВ-8)|Хорнет]]“ нанесувајќи сериозни загуби. Јапонците (погрешно) биле убедени дека американските бомбардери полетале од [[Мидвејски Атол|Мидвеј]], важна попатна (поморска и авионска) станица насреде [[Тихи Океан|Тихиот океан]], а во тој момент најблиската евентуална појдовна точка на сојузниците до [[Јапонски Архипелаг|Јапонскиот Архипелаг]]. Дотогашните почетни воени успеси преовладале јапонците да гледаат со големо потценување кон непријателот дури несвесни дека по [[битката во Коралното море]] дефинитивно е ставен крај на нивните успешни офанзиви на [[Тихи Океан|Пацификот]]. Сепак биле решени да го освојат [[Мидвејски Атол|Мидвеј]]. Успехот го гледале со своите претпоставки дека американците се деморализирани од претходните загуби (еден потопен носач на авиони, друг тешко оштетен и неупотреблив, бојните бродови се само „парче железо“ во хавајското пристаниште, итн.
 
Знаејќи дека [[Мидвејски Атол|Мидвеј]] го штитат слаби воени сили на [[САД]], јапонските поморски сили под команда на [[маршал]]-[[адмирал]] [[Исороку Јамамото]] започнале напад со намера да го освојат островот. Флотата за напад била поделена на 2 дела, слаб северен дел и супер моќен западен дел (4 носачи на авиони со подршка). ЈапанскатаЈапонската претпоставка дека американците имаат на располагање само 2 носачи на авиони и дека истите ќе бидат намамени од жртвуваниот северен дел од флотата биле погрешни. Американците свесно не обрнале внимание на северниот дел од јапонската флота која се наоѓала на отворено море и не претставувала никаква опасност по нив, туку своите 3 носачи на авиони ги упатиле малку јужно од [[Мидвејски Атол|Мидвеј]].
 
Кога јапонските бомбардери започнале со нападот на [[Мидвејски Атол|Мидвеј]], биле изненадени од присуството на американските носачи на авиони што довело до мала конфузија во нападот. Сепак неколку јапонски бомбардери извршиле напад на „[[Јорктаун (ЦВ-10)|Јорктаун]]“ при што му нанеле тешки оштетувања. Но сега веќе информирани за присуството на американските носачи на авиони, јапонците го смениле тактичкиот дел од планот: се повлекле на платформите на своите носачи на авиони за да ги заменат бомбите со торпеда за полесно да ја уништат американската флота. Американските бомбардери тргнале по нив.