Напад на Перл Харбор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
'''Нападот на Перл Харбор''' или ''Операцијата Хаваи'' како што ја нарекувале во Царскиот јапонски генерал-штаб, бил ненадеен воен напад извршен од јапонската царска морнарица против воено-поморската база Перл Харбор на [[Хаваи]]те ([[САД]]) утрото на 7. декември 1941 година. Нападот го означил преминот на САД од неутрална земја во [[Втората светска војна]] во инволвирана на страната на сојузниците. Целта на нападот била воено да се оневозможи Пацифичката флота на САД, за Јапонија да може непречено да ги води воените операции против Велика Британија и Холандија во Југозападна Азија. Нападот се состоел од два последователни воздушни брана од вкупно 360<ref name="parillo288">{{Harvnb|Parillo|2006|p=288}}</ref> авиони кои полетале од 6 јапонски носачи на авиони.
 
Планот за напад е изработен летото 1941. Планирано било нападот да се изврши во Недела, кога вообичаено најмногу бродови се усидрени во пристаништето и кога војската со своите офицери е на копно на неделен одмор. Доцна Саботата на 6 Декември 1941, малку пред полноќ на полна месечина јапонските извидувачки авиони упатени од крстосувачите во претходница констатирале одсуство на американските носачи на авиони. Само 2 дена претходно дадена е наредба сите три американски носачи на авиони да се упатат безбедно во пристаништето на [[Сан Франциско]] заради редовен сервис. Истовремено стражата на бродовите била делумно засилена заради затегнатите односи со Јапонија.
Нападот е извршен во недела, рано наутро додека Американската војска сеуште спиела. Стражата на бродовите била делумно засилена заради затегнатите односи со Јапонија.
 
Нападот е извршен во Недела, рано наутро додека американската војска сеуште спиела.
 
Првиот бран од нападот бил потполно изненадување. 189 јапонски авиони во темница за 30 минути направила пустош од американските бродови. Бомбардерите летале многу ниско и практично ја погодувале секоја цел. Авионите со торпеда пришле многу блиску до своите цели: бојните бродови, речиси сите исфрлени торпеда ја погодиле целта. Сите бојни бродови биле потопени во плиткиот залив. Притоа од вкупно 230 паркирани американски авиони, 63 биле оштетени на земја. Нанесени биле 90% од вкупните штети во нападот.
Ред 28 ⟶ 30:
Нападот на Перл Харбор успеал во целост, бидејќи јапонците за само 90 минути колку што траела операцијата, целосно ја уништиле Пацифичката флота и предизвикале големи загуби во војници и делумно во инфраструктура кај САД. Нападот бил значајна пресвртница во Втората светска војна, бидејќи го променил јавното мислење и политиката во САД од изолационизам кон целосно прифаќање на учеството во војната.
 
Првичниот успех на Јапонците бил голема политичка и стратегиска грешка. Подмолниот напад, без објава на војна имал негативен одек во политичкиот свет. Онсепособувањето на 8 застарени бојни бродови (6 од нив подоцна се поправени) не можело да влијае врз исходот на војната, новите модерни бојни бродови, како и сите Американски носачи на авиони останале надвор од дометот на Јапонските бомбардери. Погрешен бил и тактичкиот дел од нападот: нагласено е уништување на флотата, пред сè на бојните бродови, додека сервисната служба, арсеналот за поправки, магацините за гориво за бродовите и авионите и најважниот објект, термоелектраната останале негибнати.
 
== Галерија ==