Светска трговска организација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 27:
Единствен противник на оваа идеја била Велика Британија. Имено, во периодот непосредно по завршувањето на војната, развиените земји се уште поседувале поголем дел од своите колонии меѓу кои и најголемата империјална сила, Велика Британија. Правилата на меѓусебната размена во рамките на т.н. Комонвелт се разликувале од правилата на размената што Велика Британија ги имала со трговските партнери надвор од подрачјето на Комонвелтот. Таа не сакала големите привелегии што им ги обезбедувала на партнерите во рамките на колонијалниот свет автоматски да се пренесат на сите трговски партнери што ќе ја потпишат мултилатералната спогодба за формирање на Меѓународната трговска организација (МТО). Затоа Велика Британија настојувала да не дојде до формирање на оваа меѓународна организација. Односот на силите одел во полза на интересите на развиените земји што тешко се откажувале од доминацијата што ја имале во светот. Така, во 1947 година , на Конференцијата свикана во Женева , каде што требало да се формира МТО, не дошло до потпишување на спогодбата од страна на најголемите сили во тоа време. На Конференцијата 23-те најразвиени земји ја потпишале Општата спогодба за царини и трговија, или попозната како ГАТТ.
 
=== ГАТТ 1947 === :)
ГАТТ стартуваше на почетокот на 1948. Целосниот одговор на прашањето која ќе биде институцијата која ќе ја регулира меѓународната трговија дојде дури половина век подоцна со раѓањето на СТО. На конференцијата во Женева, наместо формирање на МТО, 23-тите најразвиени земји ја потпишале Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ) која требало да биде една од носечките мултилатерални спогодби во составот на СТО и требало да обезбеди либерализација во резимот на мегународната размена на стоки.
ГАТТ била заснована на три основни принципи: