Марија Тереза (Франција): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
Марија-Тереза била родена во [[Версај палатата]] на 19 декмеври 1778 година како прво дете и најстара ќерка на кралот Луј XVI од Франција и кралицата Марија Антоанета. По седум години брак сите нестрпливо чекале да се роди дете. Поради преполната и непроветрената соба во која се пораѓала, Марија Антоанета речиси умрела од гушење. Прозорците набргу биле отворени за да влезе сеж воздух. Како резултат на ова ужасно искуство, Луј XVI го забранил јавното гледање и дозволил само најблиските членови и неколку доверливи дворјани да бидат сведоци на раѓањето на следните кралски деца. Откако ја вратиле во живот, кралицата со задоволство ја поздравила својата штотуку родена ќерка: ''„кутро мало сучштество, не си она што очекуваа, но сепак ќе те сакаме''. Синот ќе припаѓа на државата, а ти мене и ќе ја добиеш целосната потребна грижа, ќе бидеш дел од мојата среќа и лек за мојата болка.“''
Набргу по раѓањето, уште истиот ден, принцезата била покрстена и била именува по нејзината баба по мајка, царицата, [[Марија Тереза од Австрија]].
[[Податотека:Adolf Ulrik Wertmüller - Queen Marie Antoinette of France and two of her Children Walking in The Park of Trianon - Google Art Project.jpg|мини|лево|Марија-Тереза со мајка ѝ '''Марија Антоанета''' и брат ѝ '''Луј Филип''']]
За марија-Тереза се грижела гувернанта, [[кнегињата Викторија де Рохан]], која подоцна дала отказ поради банкнотирањето на нејзиниот сопруг. Била заменета од блиска пријателка на кралицата, [[војвотката од Полињак]]. Луј XVI бил доста посветен татко кој ги разгалувал своите деца, додека кралицата била построга. Марија Антоанета била против тоа ќерка ѝ да порасне и да биде горделива како неомажените сестри на нејзиниот сопруг. Често во нивниот дом поканувала деца од понизок ранг да дојдат и да вечерат со Марија Тереза. Истите ја охрабрувале да ги подари своите играчки на сиромашните. Наспроти нејзиниот изглед на материјална кралица која ги игнорира страдањата на другите, Марија Антоанета се трудела нивните деца да бидат свесни за страдањата на другите. На денот на Нова Година во 1784 година, откако ѝ донела неколку убави играчки на својата ќерка, ѝ рекла: ''„ би сакала да ти ги дадам сите овие како новогодишни подароци, но зимава е многу студена и има многу несреќни луѓе кои немаат ни корка леб, ни облека, ни дрвја за да запалат оган. Им ги дадов сите мои пари па не ми остана ништо за да ти купам подароци.“''
Марија-Тереза имала двајца браќа и сестра, [[Луј Жозеф Хавиер Франсоа]], [[Dauphin – најстар син на кралот на Франција]], роден во 1871 година, {{Луј Шарл од Франција, војвода од Нромандија]], роден во 1785 година и [[Софија Eлена Беатрикс, мадам Софија]], родена во 1786 година.