Транспирација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
 
==Објаснување==
Процесот на транспирација се одвива на тој начин што молекулите[[молекул]]ите на водата[[вода]]та што се присутни во набабрените клеточни ѕидови од епидермалните клетки, ги напуштаат интермицеларните простори на клеточниот ѕид и излегуваат во воздушната средина.
Испуштањето на водата трае се додека не се изедначи притисокот на водената пара во воздухот и во клеточниот ѕид. Меѓутоа, тоа се случува ретко, бидејќи дехидрираниот клеточен ѕид, прима вода од протоплазмата, а дехидрираната протоплазма од вакуолата. На тој начин се создава разлика во силата на цицањето на водата, што е последица на разликата во дехидратацијата во одделни клеточни структури, што се одвива на ист начин како во примарниот коренов систем само во обратна насока.
Со силата на цицањето епидермалните клетки ја одземаат водата од клетките на мезофилот на листот каде концентрацијата на материите е пониска. По одземањето на водата од нив и тие стануваат поконцентрирани и способни за одземање вода од повнатрешните клетки. Процесот се одвива непрекинато од една до друга клетка се до спроводните елементи за водата – трахеите и трахеидите, во снопчето на листот, од кои се одзема водата. Одземената вода спроводните елементи ја надополнуваат од клетките на кората на коренот, кои ја примаат водата од почвата преку кореновите влакненца.
Нормален процес имаме кога растението прима повеќе вода одколку што ја испушта со транспирацијата. Во спротивен случај се јавува привремен недостиг на вода во растението што се одразува со свенување на листовите.<br />
 
Транспирацијата може да биде: стоматална, лентицеларна и кутикуларна.
* стоматална
* лентицеларна
* кутикуларна.
Во најголема мера транспирацијата се одвива преку стомите – стоматална. Испуштањето на водената пара преку стомите се одвива кога тие се отворени. Стомите се отворени додека се тургоресцентни. Тургоресцентноста на стомнините клетки се одржува со приливот на осмотски активните материи (добиени со ензимско разградување на скробот на растворливи шеќери) со чие присуство се покачува концентрацијата на вакуоларниот сок. Со тоа тој станува хипертоничен, а самата клетка способна да ја цица водата од околните клетки. Со прилив на водата, стомнините клетки стануваат тургоресцелатни со што се овозможува отворање на стомниниот отвор.
Стоматалната транспирација е процес во кој водената пара пред да излезе од листот преку стомниниот отвор, се наоѓа бо интерцелуларните (меѓуклеточните простори) на мезофилот и оттаму дифундира кон отворот (остиолумот) на стомата и преку него во надворешната средина.