Моргана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
[[File:Frank William Warwick Topham Voyage of King Arthur and Morgan Le Fay to the Isle of Avalon 1888.jpg|thumb|left|''Патувањето на кралот Артур и Морган ле Феј до Осторовот Авалон'' од Френк Вилијам Варвик Тофам (1888 год.)]]
Името на Морган најпрво се појавува во делото ''[[Животот на Мерлин од Џефри Монмаут]]'', напишано околу 1150 год. Наводно, тоа е приказна за последните авантури на волшебникот Мерлин, која вклучува неколку епизоди од најпознатото претходно дело на Џефри, Historia Regum Britanniae. Во Historia Џефри објаснува дека, откако Артур бил сериозно ранет во битката кај Камлан, тој е однесен во Авалон, островот на јаболките, за да биде излечен. Во ''Животот на Мерлин'', тој го опишува овој остров подетално и ја именува „Морген“ како водачка на деветте сестри-маѓепснички коишто живеат таму. Морган ја задржува оваа улога на „лекувателка од друг свет“ на Артур во многу наредни литератури.
 
Пред циклусот старо-француски романси, Морган ретко се појавува. Кретјен де Трој ја спомнува во својата прва романса ''[[Ерек и Енида]]'', завршена околу 1170 год.; тој кажува дека еден гостин на свадбата на измислените ликови, одреден Гиломар, господар на островот Авалон, бил пријател на Морган. Таа подоцна се спомнува во истата поема кога Артур наоѓа лековит балсам за ранетиот Ерек, направен од неговата сестра Морган; оваа епизода истовремено ги потврдува и нејзината улога за лечење и првпат ја спомнува Морган како сестра на Артур. Кретјен повторно ја спомнува Морган како значајна исцелителка во неговата наредна романса Ивен, витезот од Лион, во една епизода во која две дами му помагаат на еден полуден херој да оздрави со помош на напиток добиен од Морган. Сепак, додека Модрон е мајка на Овен во велшката литература, а Морган ја има оваа улога во подоцнежната француска литература, ова прво континентално поврзување меѓу Ивен и Морган не укажува дека тие се син и мајка.
 
Приказната за Артур, ''[[Џерент, синот на Ербин]]'', основана врз Ерек и Енида од Трој, го спомнува „главниот лекар“ на кралот Артур, [[Морган Туд]]; се смета дека овој лик, иако веројатно е машко во делото Џерент, можеби доаѓа од Морган ле Феј (иако ова било тема на дискусија меѓу научниците на Артур од 19-тиот век. Името Туд може да биде велшко или бретонско или да е позајмено од старо-ирското ''tuath'', „северно, напуштено, лошо, злобно“, исто така и „вила, џуџе“[[џуџе]]“).
[[File:Morgan spencer stanhope.jpg|thumb|upright|''Морган ле Феј'' од [[Џон Р. Спенсер Стенхоуп]] (1880 год.)]]
 
Ред 35 ⟶ 37:
[[File:The Fata Morgana, As Observed In The Harbour Of Messina.png|thumb|''Фата Моргана, забележана на пристаништето Месина'' (1884 год.)]]
 
Морган ле Феј или ''Фата Моргана'' на [[италијански]], била поврзувана со [[Сицилија]] откако Норманите ја освоиле јужна Италија. Како такво, таа го додала своето име на формата за илузија која била честа за бреговите на Сициија , Фата Моргана. Во средновековната романса ''Флоријант и Флорет'' се кажува дека домот на Моргана бил на планината Монтегибел на Сицилија, а подоцнежниот италијански фолклор ја опишува Моргана како живее на [[планината Етна]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Моргана