Хектор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[File:Hector brought back to Troy.jpg|thumb|250px|Хектор вратен во [[Троја]]. Од римски саркофаг од околу 180–200г.]]
 
Во [[грчката митологија]], '''Hectōr''' (''Ἕκτωρ''), или '''Hektōr''', бил тројански принц и најголемиот воин на [[Троја]] во [[Тројанската војна]]. Како првороден син на кралот [[Пријам]] и кралицата [[Хекаба]], потомок на [[Дардан]], кој живеел под планината [[Ида]], како и на [[Трос]], основоположникот на Троја, <ref>''Iliad'' XX.215ff.</ref> тој бил принц од кралската куќа и наследник на тронот на својот татко. Тој бил оженет засо [[Андромаха]], со која имал син, Скамандриј (кого Тројанците го викале Астијанакт). Тој бил водач на Тројанците и на нивните сојузници во одбраната на Троја, убивајќи 31 грчки воин. <ref>[[Hyginus]], ''[[Fabulae]]'' 115.</ref> Во европскиот [[Среден век]], Хектор има улога како еден од [[Деветте достоинственици]], забележал [[Жак де Лонжијон]], познат не само по својата храброст туку и по својот благороден и љубезен карактер. [[Хомер]] го прикажува Хектор како мирољубив, грижлив, како и храбар, добар син, сопруг и татко, без скриени намери. Кога Тројанците се расправале дали предзнаците се благонаклонети, тој одговорил: „Еден предзнак е најдобар: одбраната на татковината.“
 
=== Етимологија ===
Ред 41:
[[File:Hector Astyanax MN Jatta.jpg|thumb|Последната посета на Хектор на својата жена [[Андромаха]], и нивниот син [[Астијанакт]], кој е вчудовиден од шлемот на татка си, 370–360 BC).]]
 
Во десеттата година од војната, забележувајќи дека Парис избегнува војна со [[Менелај]], Хектор го обвинил Парис поради тоа што ѝ донел неволја на целата земја и сега одбива да се бори. Парис поради тоа предложил борба меѓу себе и Менелај, а [[Елена Тројанска|Елена]] да отиде со победникот и со тоа да заврши војната. <ref>''Iliad'' III.</ref> Двобојот, сепак, довел до нерешавачки крај поради интервенцијата на [[Афродита]] која го одвела Парис надвор од бојното поле. Откако [[Пандар]] го ранил Менелај со стрела, борбата започнала повторно.
 
Грците нападнале и ги прогониле Тројанците. Хектор морал да изврши против-напад. Неговата жена, Андромаха, држејќи го во своите раце нивниот син Астијанакт, го задржала пред портата, молејќи го да не оди надвор од ѕидините поради неа и нивниот син. Хектор знаел дека Троја и куќата на Пријам биле проколнати да паднат и дека мрачната судбина на неговата жена и син ќе биде да умрат или да бидат робови во туѓа земја. Со разбирање, сочувство и нежност тој ѝ објаснил дека лично тој не може да одбие да се бори и ја утешил со мислата дека никој нема да го убие сѐ дури не дојде неговото време. <ref>''Iliad'' VI.</ref> Одблесокот од бронзениот шлем го исплашил и го расплакал Астијанакт. <ref>This Trojan helmet was made famous by Denys Page in ''History and the Homeric Iliad'', Chapter VI, "Some Mycenaean relics in the Iliad", as the Greeks do not wear bronze helmets in the poem's [[Oral-formulaic composition|epic formulae]], but they did in the Homeric Age; therefore, Page concludes (on other evidence as well) that the bronze helmet of Hector descends in oral poetry from Mycenaean times.</ref> Хектор се соблекол, ги прегрнал своите жена и син и поради неа започнал да му се моли гласно на Зевс за неговиот син да биде водач по него и да стане пославен во битка од него.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хектор