Џорџ Вадел Снедекор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Џорџ Вадел Снедекор''' (20 Октомври, 1881- 15 февруари, 1974), бил [[американски]] [[математичар]] и [[статистичар]].Тој придонесе за основите на анализа на варијанса, анализа на податоци, експериментален модел, и статистичка методологија. [[Наградата Џорџ В. Снедекор]] на Американската Статистичка Асоцијација и Snedecor-ов F Распоред ги добиле имињата токму по него. Овој распоред го дефинирал во знак на почит и благодарност кон својот соработник [[Fisher]], затоа го нарекол F распоред.
 
Снедекор е основач на првиот департман по статистика во Соединетите Американски држави, во Ајова универзитетот.Тој исто така ја создал првата статистичка лабараторија, и бил предводник на модерната применета статистика во САД.Неговата книга ''Statistical Methods'' која била издадена во 1938-мата година, била најцитирана во научните трудови од сите области на науката во седумдесеттите години на минатиот век.
 
Снедекор добил почесни докторати во областа на науката од страна на државниот универзитет во [[Северна Каролина]] во 1956-та година и од страна на државниот универзитет во [[Ајова]] во 1958 година.
 
Домот на статистичкиот департман на државниот универзитет во Ајова го носи неговото име (Snedecor Hall). Бил конструиран во 1939-та година. Во Ајова тој бил еден од првите кои го користеле Атанасовиот-Бери компјутер (создаден од [[Џон Винсент Атанасов]]) и можеби бил првиот корисник на дигитален компјутер за решавање на математичките проблеми поврзани со реалниот свет.
 
Снедекор бил роден во Мемфис, [[Тенеси]], во социјално истанката и политички моќна фамилија. Израснал во [[Флорида]] и [[Алабама]], каде што неговиот татко-адвокат се преселил со сопругата и децата со цел да го исполни личниот и радикалниот верски повик да служи и да ги едуцира сиромашните. Џорџ бил внук на адвокатот Бедфорд Мичел Естис, кој бил син на Емили Алстон Естис и Џејмс Г. Снедекор, и внук на Естис Дод и Вилијам Ј. Дод, познатиот [[архитект]].
== Наводи ==
{{наводи}}