Корен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
Камбиум се создава со секундарното меристематизирање на паренхимските клетки, кои се слабо диференцирани, под флоемот, и клетките на перицклот кои се наоѓаат непосредно над ксилемот. На тој начин се создаваат две посебни камбијалн низи со чиешто спојување се довива еден камбијален престен. Овој прстен на почетокот има типичен ѕвездест облик. Со активноста на камбиумот престенот постепено периферно се шири, такашто во својот краен облик тој има кружна форма. Подоцна со надолжна делба на камбијалните клетки се добива секундарен флоем од надворешната страна, кој учествува во градбата на секундарната кора на коренот заедно со паренхимско ткиво и механичко ткиво, и секундарен ксилем од внатрешната страна кој учествува во градбата на секундарната дрвесина заедно со склеренхимски влакна и паренхимско ткиво. На овој начин ткивата на централниот цилиндар потполно го менуваат својот облик.
 
Фелоген е секундарно меристемско ткиво кое се добива со активноста на ткивата под ендодермисот и перициклот. Со делба на клетките во фелогенот се создава перидермисот, секундарно покривно ткиво, кое воедно се состои од феридермис и фелем. Имено феридермисот, истотака познат како коркова кожичка, е внатрешно поставен во однос на фелогенот, додека пак, фелемот познат како корково ткиво, е надворешно поставен во однос на фелогенот. Благодарение на фелемот, односно неговите клетки со задебелени, лигнифицирани клеточни ѕидови, кои се цврсто поврзани меѓу себе, ткивата на примарната кора умртвуваат и опаѓаат, така се создава терциерното ткиво на дрвото, народски кажано кората на дрвото.
{{Никулец}}
 
[[Категорија:Ботаника]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Корен