Корен: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 7:
* [[Апсорпција]] на [[вода]]
* Апсорпција на [[минерални соли]], потребни за процесот [[фотосинтеза]].
* Складирање на резервни материи, пред се јаглехидрати како скроб или инулин (полисахарид)
* Синтеза на соединенија
* Улога во вегетативното размножување
* Остварува симбиотичка врска со почвени микроорганизми
Во текот на еволуцијата на растенијата коренот се јавуава како еден од последните органи и истиот е својствен за папрати и семени растенија. Кај попросто градените растенија тој отсуствува, а неговата функција ја вршат издолжени клетки наречени ризоиди. Создавањето на коренот почнува од зачеток таканаречен зародишен или ембрионален корен што се наоѓа во семето. Ембрионалниот корен прво ја пробива семената обвивка и навлегува во почвата каде расте позитивно геотрропно и се развива. Ретки се оние случаи каде коренор расте над земјата. Откако ќе се развие се преобразува во главен корен. Всушност главниот корен излегува како продолжение на стеблото. Местото каде стеблото преминува во корен се вика коренов врат. Според морфологијата може да биде осен (вретенест ) и жилест ( брадест ). Должината на главниот корен кај некои пустински растенија ( пример камилски трн ) достигнува 30м.
На надолжен пресек на коренот се разликуваат три зони.
1. зона на кореново [[творно
2. зона на растење – оваа зона се надоврзува на зоната на делење, тука клетките ги зголемуваат своите димензии
3. зона на диференцирање – во оваа зона со диференцирање клетките преминуваат во трајни ткива. Оваа зона е истотака позната како зона на коренови влакна, бидејќи однадвор по површината на коренот може да се забележат мали таканаречени коренови влакненца, со чија помош коренот ја впива водата и растворените во неа минерални материи.
'''Анатомска градба на коренот'''
Ред 20 ⟶ 24:
'''Примарна градба на коренот.'''
Градбата на коренот е пред се условена од основната улога кој тој ја врши во растението, апсорпција на вода и минерални материи. Ако се направи напречен пресек во зоната на диференцирање ( зоната на коренови влакненца) на примарно изградениот корен ќе можеме да констатираме дека ткивата се делат на надворешни и внатрешни.
Под ендодермисот се наоѓаат ткивата на централниот цилиндар којшто се образуваат од плеромот на врвниот коренов меристем. Централниот цилиндар е составен од перицикл и паренхимско ткиво. Перициклот претставува примарно странично меристемско ткиво, кое има значајна улога во формирањето на страничните корење, но и во создавањето на секундарните меристемски ткива камбиум и фелоген. Под перициклот се наоѓа паренхимско ткиво, во кое се поставени спроводните снопчиња радијално подредени. Кај монокотилетодоните растенија во срцевината на централниот цилиндар, односно во средината се наоѓа паренхимско ткиво.
'''Секундарна градба на коренот.'''
Кај
Камбиум се создава со секундарното меристематизирање на паренхимските клетки, кои се слабо диференцирани, под флоемот, и клетките на перицклот кои се наоѓаат непосредно над ксилемот. На тој начин се создаваат две посебни камбијалн низи со чиешто спојување се довива еден камбијален престен. Овој прстен на почетокот има типичен ѕвездест облик. Со активноста на камбиумот престенот постепено периферно се шири, такашто во својот краен облик тој има кружна форма. Подоцна со надолжна делба на камбијалните клетки се добива секундарен флоем од надворешната страна, кој учествува во градбата на секундарната кора на коренот заедно со паренхимско ткиво и механичко ткиво, и секундарен ксилем од внатрешната страна кој учествува во градбата на секундарната дрвесина заедно со склеренхимски влакна и паренхимско ткиво. На овој начин ткивата на централниот цилиндар потполно го менуваат својот облик.
Фелоген е секундарно меристемско ткиво кое се добива со активноста на ткивата под ендодермисот и перициклот. Со делба на клетките во фелогенот се создава перидермисот, секундарно покривно ткиво, кое воедно се состои од феридермис и фелем. Имено феридермисот, истотака познат како коркова кожичка, е внатрешно поставен во однос на фелогенот, додека пак, фелемот познат како корково ткиво, е надворешно поставен во однос на фелогенот. Благодарение на фелемот, односно неговите клетки со задебелени, лигнифицирани клеточни ѕидови, кои се цврсто поврзани меѓу себе, ткивата на примарната кора умртвуваат и опаѓаат, така се создава терциерното ткиво на дрвото, народски кажано кората на дрвото.
{{Никулец}}
|