Социјалистичка партија на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 7:
Првиот конгрес на Партијата се одржа во jуни [[1991]] година и на Конгресот беше усвоена Политичка програма и Статут на партијата. Партијата зема учество во првите плуралистички [[парламентарни избори 1990 година|парламентарни избори во 1990 година]] кога имаше 6 пратеници во [[Собрание на Република Македонија|Парламентот]]. На вторите [[парламентарни избори 1994 година|парламентарни избори во 1994 година]] СПМ освои 8 пратенички места и беше четврта партија според бројот на пратеници во Собранието. Партијата партиципираше во [[Влада на Република Македонија|Владата]] со тројца министри и еден потпретседател на Собранието.
 
На Вториот конгрес на СПМ кој се одржа во јули [[1995]] година беше избран нов лидер на Партијата. На местото на првиот претседател и основополо`никосновоположник на Партијата, [[Киро Поповски]], за претседател беше избран Љубисав Иванов - Ѕинго. Неговиот избор за претседател на партијата беше потврден на Третиот конгрес на СПМ во март [[2000]] година.
 
По долгогодишното сојузништво со [[СДСМ]], на [[парламентарни избори 2002 година|изборите 2002]] СПМ настапи самостојно, освојувајќи 2,1% од гласовите и еден мандат во Собранието на Република Македонија. Подоцна, во декември [[2003]] година, СПМ стапи во коалиција со [[Демократска алтернатива]] и со [[Демократски сојуз|Демократскиот сојуз]], наречена „Трет пат“. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред [[локални избори 2005 година|локалните избори 2005]], СПМ продолжи да биде во коалиција со ДС, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од [[ВМРО-ДПМНЕ]], во чиј состав настапија и на [[парламентарни избори 2006 година|парламентарните избори 2006 година]]. На овие избори во Македонското собрание се избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа [[Љубисав Иванов - Ѕинго]], Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ е застапена и во [[Влада на Република Македонија од 2006|Владата на Никола Груевски]] со еден министер, [[Ацe Спасеновски]], кој е министер за земјоделство.