Разлика помеѓу преработките на „Галаксија“

Додадени 1.083 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
Просторот помеѓу галаксиите е исполнет со [[плазма]] која не достига поголема [[вискозност]] од еден [[атом]] на [[метар кубен]]. Се претпоставува дека постојат повеќе од сто [[милијарда|милијарди]] галаксии во видливата [[вселена]].
 
Галаксиите содржат различен број на [[Ѕвезден систем|ѕвездени системи]], [[Ѕвездено јато|јата ѕвезди]] и различни типови на меѓуѕвездени облаци. Помеѓу овие објекти има ретка меѓуѕвездна средина од гасови, прашина и [[Космичко зрачење|космички зраци]]. Податоците од набљудувањата укажуваат дека супермасивните [[Црна дупка|црни дупки]] може да постојат во центарот на многу галаксии, ако не и во сите галаксии. Се смета дека тие се примарен двигател на активни галактички никулци кои се наоѓаат во јадрото на некои галаксии. Млечниот пат има барем еден таков објект.<ref>^ Finley, D.; Aguilar, D. (2005-11-02). "Astronomers Get Closest Look Yet At Milky Way's Mysterious Core". National Radio Astronomy Observatory. Retrieved 2006-08-10.</ref>
 
Историски гледано, галексиите се категоризираат според нивната очигледна форма, што вообичаено се однесува на нивната видлива морфологија. [[Елиптична галаксија|Елиптичната галаксија]]<ref>Hoover, A. (2003-06-16). "UF Astronomers: Universe Slightly Simpler Than Expected". Hubble News Desk. Retrieved 2011-03-04. Based upon: Graham, A. W.; Guzmán, R. (2003). "HST Photometry of Dwarf Elliptical Galaxies in Coma, and an Explanation for the Alleged Structural Dichotomy between Dwarf and Bright Elliptical Galaxies". Astronomical Journal 125 (6): 2936–2950. arXiv:astro-ph/0303391. Bibcode 2003AJ....125.2936G. doi:10.1086/374992.</ref> е честа форма, која што има светлосен профил во форма на [[елипса]]. [[Спирална галаксија|Спиралните галаксии]] имаат форма на диск со искривени краци составени од прав. Оние галаксии кои имаат неправилни или невообичаени форми се познати како [[Неправилна галаксија|неправилни галаксии]] и типично се резултат на нарушувањата од гравитациското влечење на соседните галаксии. Таквите интеракции меѓу галаксиите кои можат да резултираат во спојување, понекогаш предизвикуваат значајно зголемување на [[Формирање на ѕвезди|формирањето на ѕвезди]], што пак, води кон формирање на [[Активна галаксија|активни галаксии]]. Помалите галаксии кои немаат кохерентна структура се нарекуваат [[Неправилна галаксија|неправилни галаксии]].<ref>Jarrett, T. H.. "Near-Infrared Galaxy Morphology Atlas". California Institute of Technology. Retrieved 2007-01-09.</ref>
 
Постојат повеќе од 170 (1.7 × 10<sup>11</sup>) милјарди галаксии во [[Видлива вселена|видливата вселена]].<ref>Deutsch, David (12011). The Fabric of Reality. Penguin Books Limited. pp. 234–. ISBN 978-0-14-196961-9.</ref> Повеќето се со дијаметар од 1000 до 100 000 [[Парсек|парсеци]] и вообичаено се раздвоени меѓу себе со растојание од милиони парасеци (или мегапарасек). [[Меѓугалактичка средина|Меѓугалактичката средина]] (просторот меѓу галаксиите) е исполнет со редок гас со просечна густина која е помала од еден [[атом]] на кубен метар. Поголемиот број галаксии се организирани во хиерархија на здруженија познати како групи и јата, кои пак заедно формираат големи суперјата. Во најголем размер овие здруженија генерално се организирани во нишки, кои се опкружени со огромна празнина.<ref>"Galaxy Clusters and Large-Scale Structure". University of Cambridge. Retrieved 2007-01-15.</ref>
 
На 12 декември 2012 година астрономите кои работеле со [[Хабл (вселенски телескоп)]], објавија дека најодалечената позната галаксија UDFj-39546284 сега се проценува дека е уште подалеку отколку што претходно се мислело. Галаксијата за која се верува дека е формирана околу 380 милиони години<ref>Wall, Mike (December 12, 2012). "Ancient Galaxy May Be Most Distant Ever Seen". Space.com. Retrieved December 12, 2012.</ref> по [[Големата експлозија]] (околу 13.77 милјарди години)<ref> "How Old is the Universe?". WMAP- Age of the Universe. The National Aeronautics and Space Administration (NASA). 2012-12-21. Retrieved 2013-01-01.</ref> и има z ([[црвено поместување]]) од 11.9, е одалечена од Замјата за околу 13.37 милјарди [[Светлосна година|светлосни години]].
 
 
44

уредувања