Дончо Штипјанчето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
Во учебната 1895/96 [[Гоце Делчев]] и [[Даме Груев]] решиле да се разделат во корист на започнатото дело. Делчев останал во [[Штип]], а [[Даме Груев]] заминал во [[Солун]] како инспектор на Солунската школска околија. На испразнетото место, на предлог на Даме Груев, бил назначен [[Тодор Станков]] од [[Прилеп]], исто така доверлив човек на Организацијата. Тодор Станков вели:
 
{{Цитатник|''За време на летото 1895 година, бев назначен за учител во [[Штип]]. Требаше да патувам со единственото превозно средство во тоа време, караваните со коњи, со кои кираџиите пренесуваа различни стоки помеѓу градовите и селата. За пазарот во [[Битола]], преку [[Прилеп]], често поминуваше со товари ориз Доне Стојанов од [[Штип]], познат како скромен и чесен човек...Одевме заедно од [[Битола]] за [[Штип]]...Доне, во почетокот не беше многу разговорлив, но кога тргнавме по коритото на [[Брегалница]] и наближивме кон неговиот крај, тој полека се опушти и јас го искористив тоа да го прашам дали ги познава учителите во градот, дали знае нешто за нивната општествена дејност и друго. Од разговорот сфатив дека имам работа со умен и свесен човек, кој не е рамнодушен спрема настаните... Во [[Штип]] се разделивме, но со тоа не ги прекинавме нашите врски. Доне беше роден за организациона работа и за да го проверам, често испраќав по него писма и весници до моите роднини во прилеп, а тој ми донесуваше писма и алишта. Задачите ги исполнуваше точно и на време. Тоа ме натера да му предложам на Гоце, Доне да влезе во Организацијата и да ја превземе курирската работа.''<ref>м-р Глигор Дуков, Никола Крупишки, Дончо Штипјанчето, Андон Тошев СтојановКултурно-просветна заедница-Штип,1996</ref>}}
Така Доне станал прв курир на Гоце Делчев.
 
Првата задача на Дончо во [[1895]] година, тогаш бил задолжен од страна на [[Гоце Делчев]] да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од [[Велес]]) во името на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет ]]. Чакаров требало да покрене востание во [[Виничко]] но бил спречен во тоа. Од крајот на [[1895]] година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на [[Наум Туфекчиев]] во [[Софија]].
 
 
На [[19 април]] [[1896]] година Дончо бил фатен од страна на турcките власти на влезот во Битола при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на [[Гоце Делчев]] да се врати во [[Штип]] од планирано патување во [[Софија]], тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во [[Скопје]] но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. [[Ѓорче Петров]] за апсењето на Дончо вели: