Хартија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 217.16.91.200 (разговор), вратено на последната верзија на MerlIwBot
Ред 10:
Секако хартијата денеска повеќе не се изработува од тоа растение туку се користат други суровини. Како се развивало човештвото така растела и потребата од поквалитена хартија која ке ги задоволи потребите на тоа време. Така хартијата почнала да се прави од ситно мелена дрвна маса која во казани се варела и рачно се мешала сè додека не добие кашест облик. Потоа од казаните рачно, еден вид сита се ваделе лист по лист и се сушеле поединечно. Таквиот процес бил макотрпен и така добиената хартија чинела многу а била со низок квалитет. Имено денешната современа хартија се произведува од различни суровини, како што рековме, најчесто се користи дрвото, отпаден текстил, памукот и во поново време стара рециклирана хартија. Во понатамошното излагање повеќе ке се осврнеме на процесот на производство на хартијата.
 
== Производство ==java images
 
Како што веќе напоменавме, хартијата денеска најчесто се изработува од ситно мелена дрвна маса која се меша со големи количини на вода. Целата таа смеса се вари и се добива пулпа или каша која подоцна со помош на полирани цилиндри се извлекува во тенок слој. Подоцна во текот на производството се провлекува низ цел еден склоп од цилиндрични ваљаци, се суши и додатно се измазнува во зависност од потребите на побарувачот. Целата линија за извлекување на хартија од смесата е составена од ланец со повеќе групи на валјаци кои хартијата ја доведуваат на саканата дебелина. Во една од почетните фази на извлекување на хартијата се вметнува и една од главните заштитни мерки т.е водениот жиг, за кој подоцна повеќе ке зборуваме.
Целата технологија при производство на хартијата, општо кажано, се изведува со помош на два главни процеси и тоа: механички и хемиски. Под механички процес се подразбира самото мелење на дрвната маса и нејзината механичка обработка (отстранување на нечистотиите, варењето на смесата и сл.). Но за да ги добие своите конечни својства, (белина, трајност, отпорност и сл.) хартијата мора да претрпи и одредени хемиски процеси како што се додавање на разни хемиски средства (хлорин, озон, хидроген и т.н) кои хартијата ја прават мазна и бела. Хартијата добиена од дрвна маса е доволно добра за широка употреба но постојат одредени ограничувања, односно истата има релативно краток рок на употреба, со текот на времето пожолтува и старее, лесно се кине и уништува. Таквата хартија се користи за секојдневна употреба почнувајќи од обична тоалетна хартија па се до хартија за цртање и пишување, издаваштво и сл..
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хартија