Планинарски дом „Караџица“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
Планинарскиот дом Караџица се наоѓа на падините на планината [[Мумџица]] која е составен дел на планинскиот масив [[Јакупица]] која пак го завзема централниот дел на Република Македонија. Изградбата на домот е започната во 1952 година, а во свечена употреба за посетителите е пуштен во1954 година.(според кажувања на планинари кои учествувале на отварањето). Домот Караџица, се наоѓа на 1450 м.н.в. и до него може да се пристигне на неколку начини и од неколку правци. Со возило патот води од Драчево кон селата Д.Количани-Горно Количани-Црвена Вода-Преслап- потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот.
[[Податотека:Https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/76411 130296740359425 7311101 n.jpg|мини|п.дом Караџица]]
Од Драчево до п.дом Караџица има 38 км. колски пат. Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка- Лисиче- Дреново-Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште-Дом Караџица. Опциите за пристигнување пеш во п.дом Караџица се следни: (скопско)-Преслап-Кадина Река-с.Алдинци-Караџица (од прилика 2.30 часа пешачење), с.Цветово-п.дом Караџица (од прилика 3.30 минути), с.Патишка Река-Салакови Езера-п.дом Караџица (8 часа пешачење), с.Црн Врв-Салакови Езера-п.дом Караџица (6 часа пешачење) (велешко) од п.дом Чеплес-Солунска Глава-П.дом Караџица од прилика 6 часа пешачење.
[[Податотека:Https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/530527 436471999741896 1600329790 n.jpg|безрамка|десно|Планинарскиот дом Караџица во зима]]
Со пристигнувањето во домот се отвораат нови опции за планинарење, mountain biking, off roud driving, лов и риболов, и други спортови.
Опции за прошетки со стартна точка п.дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, ние ке наведеме неколку кој се најпосетувани, а со тоа и најатрактивни : Каменот Жаба и Кадина Река (30-тина минути пешачење), врвот на планината Мумџица 1569 м.н.в. ( 30-тина минути пешачење), вливот на Салаковска во Кадина река (1 час пешачење), Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1.30 час) врвот Сипичан 1790 м.н.в. ( 2.30 часа пешачење), Бегово Поле 2000 м.н.в.(3.00 часа пешачење), Солунска Глава-2540м.н.в. (5.00 часа), Салакови Езера 2180 м.н.в.(4.00 часа). Во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река. Погодни релации за off roud и mount biking се п.дом Караџица-Солунска Глава, п.дом Караџица- с.Горно Јаболчиште, п.дом Караџица-Салаковски Езера и др.
Ред 20:
 
Домот има капацитет од 15 соби, со 65 кревети. На гостите на располагање им се пондудени кујна опремена со пристојни елементи-прибори, фрижидери и ормани за храна, туш кабини, чиста постелнина, тв со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. Нашето друштво организира превоз до п.дом Караџица и тоа со поаѓање и враќање од пред шумското стопанство Караџица над бензинската во Драчево. Планинарскиот дом Караџица е еден ако не и единствен планинарски дом кој е отворен за посетителите во текот на целата година. Со нашето започнување со управувањето на домот се забележува постепено но сигурно зголемување на бројот на гости пред се благодарејќи на превозот, и планинарските акции кој ги организира нашето и другите планинарски друштва.
[[Податотека:Https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/644621 414587225263707 1363388636 n.jpg|безрамка|Солунска Глава (2540 м.н.в)]]
Планинарски настани кој ја одбележуваат годината се неколкуте традиционални маршеви како што е маршот Богомила- п.дом Чеплес-Солунска Глава-п.дом Караџица-М.Манастир-Водно-Скопје, во организација на планинарското друштво Бистра од Скопје, маршот во чест на чичко Јосиф Илковски(домарот на планинарскиот дом на Китка) со релација-Богомила-Чеплес-Солунска Глава-Караџица-Китка-Драчево во организација на планинарското друштво Трансверзалец од Скопје, потоа традиционалното качување на врвот Убава (2344 м.н.в.) и Салакови Езера (2180 м.н.в)организиран од спд.Драчево, потоа планинарската забавата на Бегово Поле(2000мнв.) организирана од спд-Македон од Скопје и други.